Moody’s го намали кредитниот рејтинг на најголемата хрватска компанија 
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Balkan 898 WEBГолемата задолженост почна да му прави проблеми на Агрокор

Во официјалното објаснување на Moody’s стои дека кредитниот рејтинг е намален заради комбинација од послабите лански резултати и високото ниво на задолженост на Групацијата Агрокор. За многумина оваа вест е само дополнителен сигнал дека за најголемиот работодавец во Хрватска оваа година би можела да биде најпредизвикувачка досега.

 

За хрватскиот гигант Агрокор во сопственост на бизнисменот Ивица Тодориќ новата 2017 година не почна баш најдобро. Рејтинг агенцијата Moody’s на почетокот на годинава го намали кредитниот рејтинг на Агрокор и на неговите обврзници од B2 на B3, а веројатноста за доцнење во сервисирање на финансиските обврски од B1-PD на B3-PD.

Истивремено, Moody’s го намалил рејтингот на хартиите од вредност кој ги има издадено Агрокор, а кои доспеваат во 2019 и 2020 година од B2 на B3. Прогнозите за идниот рејтинг се стабилни.

Во официјалното објаснување на Moody’s стои дека рејтингот е намален заради комбинација од послабите лански резултати и високото ниво на задолженост на Групацијата Агрокор.

Хрватската групација Агрокор неодамна го заврши опсежното рефинансирање, продолжувајќи го доспевањето на постојните долгови во износ од околу 840 милиони евра за две до три години.

Со VTB банка Агрокор договорил продолжување на рокот на доспевање на постојниот долг од околу 340 милиони евра за околу две до три години. Агрокор со тоа ја намали краткорочната задолженост. Најголемиот дел од неговите финансиски аранжмани доспеваат за наплата од 2019 година, заради што е очигледно е дека финансиски најтешкиот период за Агрокор ќе започне токму тогаш.

Долгот на Агрокор се состои главно од обврзници и билатерални кредитни аранжмани со банките и финансиски институции. На три обврзници кои доспеваат во 2020 година, Агрокор плаќа изразито висока камата од 8,875% до 9,875%. Кредитните аранжамни со банките се нешто поповолни, со променливи каматни стапки кои се движат во распон од 3% до 10%.

Освен што конкурентските притисоци на профитните маржи, во прв ред во сегментот трговија на мало, постојано растат, компанијата заради големите финансиски обврски е изложена и на зголемени ликвидносни проблеми. 

Balkan 38

Концернот на Тодориќ во последно време е фокусиран на раздолжување. Своевидна потврда на тоа е неодамнешната вест дека веледрогерискиот ланец Козмо го препушта на германскиот Muller.

Зошто е намален рејтинот на Агрокор?

Винсент Гусдорф, потпретседател и виш аналитичар во Moody’s истакнува дека ставот на агенцијата е дека во услови на “влошување на показателите за оперативно работење кое се случи во првите девет месеци од 2016 година не е веројатно дека Агрокор ќе го врати обемот на задолжување во рамките кое Moody’s го смета соодветно на рајтинг B2.

Истовремено, Гусдорф додава дека стабилните изгледи ги одразуваат очекувањата дека компанијата “и покрај оштрата конкуренција во Хрватска и Словенија, ќе ја стабилизира заработката во следната година”.

Хрватскиот весникот Пословни лидер пишува дека веста за намалување на кредитниот рејтинг на Агрокор во домашната бизнис јавнист и не се смета за некоја новина и изненадување.
За многумина оваа вест е само дополнителен сигнал дека за најголемиот работодавец во Хрватска оваа година би можела да биде најпредизвикувачка досега. Освен што конкурентските притисоци на профитните маржи, во прв ред во сегментот трговија на мало, постојано растат, компанијата заради големите финансиски обврски е изложена и на зголемени ликвидносни проблеми.

Задолжувањето како финансиска полуга на која се потпираше долгогодишниот раст на бизнис империјата на Тодориќ сега е прилично затегната. Но, во хрватскиот концерн веќе се навикнати на рефинансирање и на вешто управување со долговите.

Доволно е да се каже дека вкупната задолженост на ниво на Групација , вклучувајќи ги кредитите, обврзниците, на крајот на септември изнесуваше 25,5 милијарди куни или 3,3 милијарди евра. Иако е тоа помалку за околу 40 милиони евра помалку во споредба со година дена порано, теретот за сервисирање на овој долг е се уште многу голем.
Но, концернот на Тодориќ во последно време е фокусиран на раздолжување.
Своевидна потврда на тоа е неодамнешната вест дека веледрогерискиот ланец Козмо го препушта на германскиот Muller.

Во соопштението за намалување на кредитниот рејтиг, од Moody’s објаснуваат дека забавениот  раст на заработки ќе ги ограничи и можностите за раздолжување во следните 12 месеци. Од агенцијата исто така потенцираат и дека Агрокор има ниска стапка на покриеност на трошоците за камати, потенцирајќи дека високите капитални издатоци и трошоците за камати не погодуваат за генерирање на слободни парични текови.

Како и да е, благодарение на опоравувањето на економската активност и раст на прометот, аналитичарите сметаат дека Агрокор постепено ќе ја стабилизираат консолидираната оперативна добивка во наредните квартали. Подобрувањето  на рејтингот ќе следи ако компанијата успее да го намали односот помеѓу долгот и EBITDA под 5,5, кој сега изнесува над 6, што е сценарио кое би било изгледно само поголемиот економски раст во комбинација со пазарниот удел на Агрокор резултира со значително зголемување на оперативната добивка на компанијата.

Наспроти тоа, дополнително влошување на рејтингот би било изгледно ако компанијата не успее да го сопре намалување на EBITDA или ако се влоши ликвидноста во компанијата.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×