Мораториумите за градење и законските прописи ја намалија високоградбата
Објавено на од во Економија
Градежништвото се стабилизира, во наредниот период ќе се развива, но во делот на високоградбата и понатаму бележи пад како резултат на намалениот обем на издавање градежни дозволи, претежно поради мораториумот во дел од општините, законските прописи и обесхрабрените инвеститори од ланските лоши резултати во секторот, оценува Здружението  за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија.
stopanska gradeznici„Лошата клима во градежништвото во 2018 година си ја зеде својата цена така што градежните компании се помалку се охрабруваат да влезат во  поголема инвестиција увидувајќи на колку пречки наидовме во 2018 година и од институциуинален и  оперативен аспект. Се надеваме дека со побрзо завршување на  мораториумите би се охрабриле и општинските работници и инвеститорите повторно да влезат во циклус на инвестиции“, рече денеска на прес-конференција Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија.
Во сила се мораториумите за градење во општините Центар, Карпош и Охрид, а како што вели Серафимовски, многу тешко се издават одобренија и во Аеродором иако состојбата се подобрила во   последните три месеци.
„Остануваме на ставот како Здружение дека процесот е премногу  инертен и нетранспарентен и дека ова води кон се поголеми штети на градежните компании. Останувме и на тоа дека треба да се гради плански, урбано, но сепак  е процес кој почна  во 2017 година, а не е завршен во 2019 година и можете  сами да го оцените“, рече Серафимовски.
Мораториумите за градење, оцени, ги изместиле и вредностите за цената на становите.
„Доколку немаше мораториум наша прогноза беше  дека цените на добрите станови секаде ќе се зголемеа на лошите станови без оглед каде се наоѓаа. Сепак со мораториумите за градба осбено за становите во Скопје се изместија вредностите. Не знаеме што да очекуваме, ќе имаме прогноза кога ќе завршат мораториумите, рече Серафимовски“, одговарајќи на новинарско прашање.
Според Регистарот на цени и закупнини, во првиот квартал се продени 687 станови, непродадени се 5.340 станови, а во тек е градба на 11.322 објекти.  Бројот на празни станови, кој се движи меѓу 5.000 и 6.000, е непроменет во последните пет години, а варира кај новоизградените кои, потенцираше Серафимовски, се  продаваат секогаш и се бара стан повеќе.
Оптимизот за развој на градежништвото, Здружението го темели на податоците од првите два квартала споредено со истиот период од минанана година. – Податоците не охрабруваат и сметаме дека со помош на донесување добри законски прописи, со продолжување на трендот на објавување јавни набавки по применливи критериуми за градежниците, оваа година би го нормализирале градежниот пазар. Очекуваме дека лошите времиња за градежништвото се зад нас, наведе Серафимовски.
Во првите четири месеци годинава се издадени 977 одобренија за градење, за 18,3 проценти повеќе во однос на истиот период лани кога имало 826. Кај високоградбата има намалување за 7,5 проценти, а кај нискоградбата за 28 проценти. Предвидената  вредност на објектите  изнесува 13,6 милиони денари и бележи поарст од 7.,9 проценти во однос на истиот период лани. Вредноста на објектите кај високоградбата е намалена за 29 проценти, а кај нискоградбата е зголемена за 19 проценти. Номиналната вредност на вкупно договроените работи од јануари до април годинава изнесува  46,8 милиони денари,  односно раст за 34,34 проценти.
Во првиот квартал годинава споредено со истиот период од 2018 година  има пораст од 415 проценти на вредноста на договорените градежни работи во странство. Лани немало воопшто договорена работа, а сега има договор за голем инфраструктурен објект во Босна и Херцеговина. Истовремено извршените работи во странство бележат пад од 81 процент.
Заклучно со мај годинава реализирани се 13,74  проценти од предвидените расходи по капитални инвестици. Преку Јавното  претпријатие за државни патипта во првите шест месеци од годинава се реализирани 4,43 милијарди денари, за 38,37 проценти повеќе во однос на истиот период лани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×