Московски Комерсант: Решението за името на Македонија ќе доведе до сериозни геополитички последици за регионот
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Македонија и Грција се блиску до решение за името на македонската држава, а конечниот договор ќе доведе до сериозни геополитички промени на Балканот, бидејќи Скопје веројатно ќе добие покана за влез во НАТО, пишува денешен московски Комерсант.

Весникот наведува дека конечниот договор за името може да биде постигнат следната недела во Њујорк. Дека новата рунда преговори може да биде одлучувачка сведочат и консултациите што во Атина ги имаше вицепремиерот Бујар Османи, додава Комерсант.

„Решавањето на 25-годишниот спор на Скопје и на Атина не само што ќе го укине клучниот проблем во нивните односи, туку ќе има и сериозни геополитички последици за регионот“, оценува весникот.

Комерсант потсетува дека на НАТО Самитот во Букурешт во 2008 година, земјите на Алијансата ѝ ветија на Македонија членство штом се реши прашањето со името.

„Тоа значи дека Скопје ќе добие покана веќе во јули, на наредниот НАТО Самит, а за една година ќе стане и 30-та членка на Алијансата“, заклучува весникот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×