Москва и Пекинг трупаат злато затоа што се подготвуваат за свет каде доларот нема да доминира
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Кина и Русија ги зголемуваат своите резерви на злато со брзо темпо во последните месеци. До одреден степен, дејствувањето на двете земји придонесоа за рекордно вреднување на скапоцениот метал, при што неговата цена достигна најголема цена во изминатите шест години.
злато доларОд декември кинеската Централна банка додаде околу 100 тони злато на своите резерви. Русија купи 106 тони од почетокот на годината.
„Двете држави ги гледаат првите сигнали за она што се приближува. Тие се подготвуваат за свет во кој американскиот долар повеќе нема да биде резервна валута“, рече американскиот финансиски коментатор и извршен директор на брокерот „Евро Пацифик Капитал“, Питер Шиф.
Бројките на Блумберг покажуваат дека по „набавките“ на Москва и Пекинг минатиот месец, златните резерви на двете земји достигнале 2200 тони и 1950 тони, соодветно.
Што се однесува до Кина, земјата ги зголеми своите поседи во скапоцен метал и ги ограничи своите обврзници во САД во текот на трговскиот конфликт со САД.
Така, во јуни Јапонија ја престигна како најголем заемодавател на Соединетите држави. Американското портфолио на Токио порасна за 22 милијарди долари на 1,122 трилиони долари.
Русија, од друга страна, значително ги зголеми своите набавки на злато во обид да ја минимизира својата зависност од американскиот долар. За последната декада, резервите на скапоцен метал во Москва се тројно, покажаа пресметките.
Заедно со поголема активност на двете земји, неизвесноста за светската економија се зголеми со продлабочувањето на трговската војна. Како резултат, жолтиот метал значително поскапе. Од почетокот на годината, тој доби 18% на нејговата вредност, а во август цената скокна на 1.550 долари за прв пат од април 2013 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×