МОСТ е пресврт во политиката. И ако не успее, семето е посеано!
Објавено на од во Колумни

Miodrag Sajatovik za kolumnaЗа разбирање на резулатите на парламентарните избори во кои коалициите на СДП и ХДЗ завршија речиси со ист резултат, а политичката групација Мост со освоени 19 мандати и стана одлучувачка сила за состав на владата, не би било лошо да се прочита книгата на Clayton М. Christensen – “The Innovator’s Dilemma” (1995). Во неа авторот го воведува поимот пресвртна иновација.

Поедноставно, тоа е идеја која има сила од темел да го промени пазарот на некој производ или услуга, и потенцијално да ја исфрли водечката компанија од тој сегмент. Пресвртната иновација настанува на пазарот на кој водечките компании се насочени на развој на стари модели на работење, место на прилагодување на развојна технологија и можностите на пазарите. Најпознат пример на пресвртна иновација е Uber, кој преку мобилна апликација ги поврзува возачите со патниците и нуди побрза и поевтина услуга. И така од темел ја менува индустријата на такси – услугата насекаде низ светот. Тука се и Facebook, iCloud, Airbnb, Bitcoin, Netflix во другите подрачја …

Нов модел на дуополен пазар. Да го погледнеме сега пазарот на политичките партии во Хрватска. СДП, ХДЗ и останатите класично формирани партии веќе четврт век не се менуваат. Сосема се неинветивни. Сите политички идеи кои се настојувало да се претворат во класични политички партии  или брзо пропаднаа или дури не успеаја да освојат ниту еден мандат на изборите. Само една неформатирана политичка групација под името Мост, наспроти сите правила, преку иновација како заверување на изјава кај нотор за некоалицирање со ХДЗ или СДП, создаде вистински хаос. Се случи пресвртна иновација на политичкиот пазар. И видете чудо, потрошувачите односно гласачите на изборите, се свртија токму кон таа пресвртна иновација.

Елементите на пресвртната иновација се однесуваат и на идејата кој ќе биде новиот премиер. Челниците на Мост, Божо Петров и Драго Пргомет најавија дека следниот премиер, што до вчера беше незамисливо, нема да биде ниту Зоран Милановиќ ниту пак Томислав Карамарко. Успаничените класични партии преку ноќ го прифатија овој довчерашен ерес, и веќе нудат непартиски кандидати од банкарските или консултантските кругови. А овие пресврти само што почнаа.

Секако, пресвртната иновација содржи и опасност дека при брзо воведување постои можност да биде скршена. Но дури и тоа да се случи, семето на иновацијата е веќе посеано. Купувачите (гласачите) веќе знаат за него. Без оглед на тоа дали членовите на Мост ќе коалицираат со СДП или ХДЗ, па дури и раскол да се случи, … новиот политички модел веќе дојде на зачмаениот, дуополен хрватски политички пазар. Со цел Мост да се докаже како одржлива пресвртна иновација, мора да покаже дека може да ги решава проблемите (или да води кон нивно решавање).

Реформаторски романтизам. Реформата е клучниот збор кој лидерите на Мост постојано го повторуваат. Треба да се почека службениот попис на реформите кои ќе бидат предуслов за политичкиот брак со СДП или ХДЗ. Од она што може да се насети, станува збор за реформа на јавната управа, државната и локалната самоуправа, даночниот систем и правосудството. Начелно, тоа е избор за пофалба. Меѓутоа, станува збор за добредојден избор, но сепак е – романтизам. Животот е малку покомплициран. Мостовци, на пример, не спомнуваат за управување на јавниот долг. Реформите имаат свое темпо и трошоци. А маневарскиот простор е многу мал. Би било штета добрите намери за пола година или една година да го уништат неуправувањето со јавниот долг. Никој во државата, па ни мостовци, немаат економетрски модел кој би симулирал што носат реформите кои тие ги предлагаат.

Разбирливо е што управувањето со јавниот долг не е во фокусот на играчите од Мост. Многу од нив доаѓаат со искуство во водење градови или општини, па јавната управа им е многу појака страна. Ако е тоа така, тогаш  лакмусот колку мостовци, во врска со тоа се револуционерно пресвртни, ќе биде тоа дали меѓу нивните реформи ќе има една сосем конкретна работа – укинување на Законот за службеници и нивно изедначување во сите државни апарати со вработените во приватниот сектор за кои важи Законот за работа.

Ако се воспостави постизборен сојуз кој ќе овозможи формирање и делување на владата без повторување на изборите, процесот тешко ќе биде праволиниски. Новиот мандатар, кој и да биде тоа, ќе мора да ги препознае приоритетите (управување со јавниот долг, реформата на јавната управа, правосудството и поттикнување на извозот се логичен микс). Дури и да се лута, ако овој пресврт не успее од прва, сепак треба да се радуваме што демократијата, сфатена како политички пазар, не е целосно изгубен модел. И да, на потрошувачите (гласачите), барем на добар дел од нив, мозокот се уште не им е испран.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×