Може да помине целиот XXI век пред Русија да се демократизира, смета Горбачов  
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поранешниот советски лидер, Михаил Горбачов, кој на Запад има репутација на фактор за ставањето крај на Студената војна, не гледа можност Русија во следните децении да има власт различна од сегашната, која потсетува на царските и диктаторски времиња. Ова за Ројтерс го изјавил американскиот писател Вилијам Таубман, автор на нова биографија на Горбачов.

Таубман, добитник на Пулицер, направил осум интервјуа со Горбачов за потребите на биографијата, и вели дека тој (Горбачов) не е омилен меѓу мнозинството Руси денес, кои го обвинуваат за распаѓањето на СССР, за губењето на империјата и за економската катастрофа.

Според Таубман, рускиот претседател Владимир Путин редовно го критикува Горбачов. Програмата на Путин е целосно спротивна со таа на Горбачов. Путин доби поголема поддршка кога го анектираше Крим; кога го претставува Западот како непријател на Русија, и потпирајќи се на трите царски принципи: автократско управување, национализам и православие.

На прашањето дали 86-годишниот Горбачов има надеж да биде биде сведок на подемократско владеење во Русија, Таубман вели: „Горбачов смета дека на Русија може да ѝ бидат неопходни децении за да се демократизира, можеби дури и целиот XXI век“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×