Може ли следната криза во еврозоната да тргне од Италија?
Објавено на од во Економија
Лесно да се дистанцираме од трговските војни и несигурноста околу Брегзит. Но има еден финансиски санта мраз на хоризонтот, кој може да влијае на благосостојбата на сите, пишува BBC во анализата посветена на италијанскиот долг.
италѕ“Низ годините владата на Италија натрупа над 2 трилиони фунти долг или над 130% од бруто домашниот производ (БДП). Брзо потрошените средства во 70-тите и 80-тите години, заедно со други фактори, доведоа до третиот најголем државен долг во светот “, објавија медиумите.
Во меѓувреме актуелната влада во земјата одржува политика на пониски даноци и поголеми трошоци. Ова ја става во јасна спротивност со принципите на фискалната дисциплина во Брисел поради акумулираниот буџетски дефицит.
На крајот Европската комисија (ЕК) одлучи да не наметнува казна на Италија поради прекумерните трошоци, но даде јасен сигнал дека очекува од владата да најде начин да го ограничи задолженоста.
Игнасио Виско, гувернер на италијанската Централна банка, рече дека државниот долг е “премногу голем”.
“Постои неизвесност околу тоа како и колку ќе се справи ( н.з Владата на Италија), а пазарите ќе не натераат да си платиме”, рече тој.
Ограничувањето на јавниот долг значи дека ќе бидат потребни реформи во насока на оданочувањето и трошоците. Овој пристап не би бил пречекан со радост од Италијанците, бидејќи во земјата сеуште платите не успеваат да се израмнат со доволно брзо темпо на зголемените трошоци за живот.
Во последниве месеци Рим се бореше да ја избегне рецесијата. Ингацио Виско е песимист во овој поглед, кој наведува дека економскиот раст во земјата во последните 20 години е “мрачен”.
Според него, една од неопходните мерки за поддршка на економијата е да обезбеди повеќе јавни инвестиции во инфраструктурата. Сепак, ова ќе биде доста тешко, со оглед на тоа дека Брисел очекува Рим да го “затегне појасот” во поглед на трошењето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×