Можно ли е до крајот на годинава 100 долари за барел?!
Објавено на од во Економија

38naftaАнализа – што ќе се случува со цената на нафтата

Постојаните несигурности на страната на понудата и побарувачката ги прават пазарот и учесниците нервозни. Цените на нафтата би можеле да бидат почувствителни од вообичаено на разните шпекулации, вести и коментари, додека санкциите на САД за Иран не се обноват за четири недели. Аналитичарите не ги отфрлаат ниту прогнозите за достигнување на цена од 100 долари за барел.

 

Цените на нафтата се искачија минатата недела на највисоко ниво од ноември 2014 година, при што Brend Crude достигна 86 долари, а WTI Crude поскапи на преку 75 долари за барел во еден момент во средината на изминатата недела.

Неизвесноста е “најжешкиот“ збор на светскиот пазар за нафта во текот на изминатите неколку месеци, вели анализата на Oilprice.com. На страната на понудата, постои неизвесност околу тоа колку иранска нафта САД ќе успее да “исфрли“ од пазарот. Потоа, тука е неизвесноста околу тоа колку слободни капацитети останатите членки на ОПЕК и Русија која што не е членка на организацијата, може да ангажираат на краток рок за да ги надополнат иранските загуби. И на крајот, на страната на побарувачката, постои несигурност за тоа дали цените на нафтата со својот четиригодишен пик, и, следствено, цените на горивото на повеќегодишен пик, веќе го намалуваат растот на побарувачката на нафта, особено на пазарите во развој, кои се двигатели на побарувачката на нафта, но коишто претрпеа голема депрецијација на нивните валути во однос на американскиот долар во текот на изминатите два месеци, со што нафтата што тие ја купуваат уште повеќе поскапи.

И згора на сè, тука е и шпекулативно позиционирање што хеџ – фондовите и останатите институционални менаџери на капитал го прават последниве недели, натрупувајќи “надуени“ обложувања среде стравувањата дека санкциите на САД кон Иран би можеле да отстранат околу 2 милиони барели нафта дневно од нафтениот пазар за помалку од еден месец .

И додека цените на нафтата се качија на четиригодишниот максимум минатата недела, Саудиска Арабија и Русија почнаа да го уверуваат пазарот дека тие навистина го зголемиле своето производство на нафта во последниве недели, во согласност со ОПЕК договорот од јуни.

 

Мало оладување на главите

Најскорешното нагорно движење на цената на нафтата почна откако на средбата на ОПЕК на крајот од септември не се препорача никаков итен поттик за производство, игнорирајќи ги барањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека “монополот на ОПЕК мора да ги намали цените сега!”

Неактивноста на ОПЕК и Русија на крајот од септември, како и растечките докази од следењето на податоците за движењето на танкерите дека иранскиот извоз на нафта всушност почнал да паѓа побрзо одошто повеќето учесници на пазарот очекувале, ги охрабри шпекулантите со цената, а некои аналитичари почнаа да предвидуваат дека можноста од 100 долари за барел нафта до крајот на годината не треба да се отфрли.

Хеџ фондовите и останатите менаџери на капитал почнаа повторно да се обложуваат на зголемувањето на цената, а тоа го правеа со Brent Crude типот пет последователни недели. С$ до минатата недела, кога долгорочните “облози“ на Брент паднаа за прв пат во шест недели.

“Размислувањето со студена глава почна да преовладува”, изјави за Bloomberg минатата недела Ешли Петерсен, висок аналитичар за нафтениот пазар во Stratas Advisors, коментирајќи ги потезите на менаџерите на инвестициските фондови во врска со цените на нафтата.

Штотуку Brent Crude достигна 86 долари за барел, а Саудиска Арабија веќе побрза да го информира пазарот дека во моментов црпи 10,7 милиони барели на ден – што е само за влакно помалку од рекордното ниво од 10,72 милиони барели на ден од ноември 2016 година – и може дури и да ги поместува тие 10,7 милиони “малку повисоко ” следниот месец.

Русија веќе ги врати претходните намалувања од 300.000 барели на ден на коишто се обврза во договорот со ОПЕК и додаде уште 100.000 барели на ден во септември, рече рускиот министер за енергетика Александер Новак минатата недела, но истакна и дека на многу нервозниот пазар со многу неизвесности, тој не може да ги отфрли така лесно прогнозите за достигнување на цената на нафтата од 100 долари за барел.

 

Силниот долар уште повеќе ја поскапува нафтата за земјите увознички

Повисоките цени нема да бидат добри за потрошувачите, како што Новак и сите одговорни во нафтениот бизнис се свесни. Освен тоа, моментално силниот долар уште повеќе ја поскапува нафтата во земјите што увезуваат нафта надвор од САД (не дека цените на бензинот во САД се ниски – тие се зголемија во почетокот на октомври до нивоа што се случија последен пат кон средината на јули).

Поради силата на доларот, тековните цени на нафтата во евра, јени и индиски рупии веќе се зголемија на нивоа кои почнаа да водат кон забавување на побарувачката карактеристична за последните два циклуси во 2008 и 2013 година, според процените на аналитичарот на пазарот на Reuters, Џон Кемп.

Досега оваа година, побарувачката се одржа силна, и покрај очекувањата дека повисоките цени на нафтата ќе почнат да гo забавуваат растот на побарувачката.

JP Morgan очекуваше растот на побарувачката да се ублажи оваа година, но досега побарувачката е “релативно силна”, изјави Скот Дарлинг, регионален шеф за истражување на нафта и гас во JP Morgan Chase, за Bloomberg во понеделникот. Меѓутоа, за следната година, JP Morgan предвидува раст на побарувачката за 1,1 милион барели на ден, понизок од прогнозите на Wall Street за 1,5 милиони барели на ден.

Пазарот ќе продолжи да реагира на “ризиците предизвикани од понудата”, според Дарлинг, кој исто така укажа на две од клучните несигурности на страната на понудата – вистинскиот резервен капацитет за нафта на планетава и реалната способност на Саудиска Арабија “навистина да ги отвори славините” оваа зима.

Постојаните несигурности на страната на понудата и побарувачката ги прават пазарот и учесниците нервозни. Цените на нафтата би можеле да бидат почувствителни од вообичаено на разните шпекулации, вести и коментари, додека санкциите на САД за Иран не се обноват за четири недели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×