Можностите од Законот за практиканство презентирани пред Македонската банкарска асоцијација
Објавено на од во Економија
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставници од Министерството денеска имаа работен состанок со членовите на Македонската банкарска асоцијација.
царовска мбаНа состанокот пред банкарите беше презентиран новиот Закон за практиканство, што е во сила од крајот на минатата година и можноста за негова примена во банкарскиот сектор.
„На иницијатива на стопанските комори направивме законска рамка со којашто се дава простор компаниите да ангажираат невработени лица на практична работа. На овој начин ја зголемуваме вработливоста на младите лица, но и можноста за избор на квалитетен кадар“, рече министерката Царовска на состанокот.
Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација рече дека Законот дава можност за опфаќање и на среднистите за дел од работните места со кои во моментот банкарскиот сектор се соочува со недостиг како што е ИТ кадарот.
Со Законот за практиканство се дава можност за работно ангажирање на сите лица кои не се во работен однос, а имаат завршено најмалку основно образование и се на возраст до 34 години.
Законот овозможува платена практична работа во траење од 6 месеци. Во првите три практикантите добиваат добива надосместок од околу 5.000 денари, а во следните три месеци надоместокот е во висина на минимална плата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×