Мрачно лето за банкарите во Европа
Објавено на од во Економија
Летото стана уште малку потемно за вработените во банките низ Европа.
bankHSBC Holdings Plc. изненадувачки објави дека нејзиниот извршен директор ќе биде заменет, но Џон Флинт не е единствениот што заминува.
Најголемата банка во Европа објави дека крати 4.000 позиции, пренесува Блумберг.
Темпото на намалување на индустријата е загрижувачко. Пред само две недели, весникот, повикувајќи се на свои извори, објави дека „UniCredit“ планира да го намали персоналот до 10.000.
Societe Generale SA и Deutsche Bank AG исто така планираат кратења до 18000 позиции, но не само на ааастариот континент.
Причините за најлошиот период за вработените во банкарската индустрија, од кризата наваму, се многу и различни.
Темпото на автоматизација, постојаните ниски каматни стапки, Брегзит.  HSBC јасно стави до знаење дека геополитичките и трговските тензии исто така го поттикнаа таквиот чекор.
Еве кои финансиски компании на Стариот континент најавија дека ќе отпуштаат вработени од 1 јануари наваму:
Првичните информации за вишоците на HSBC протекоа уште во април. Barclays Plc објави дека отпуштил 3.000 луѓе во вториот квартал.
Стратегискиот план на „UniCredit“, кој ќе стане јасен во декември, може да вклучува намалување на вкупниот број на вработени до 10%.
Deutsche Bank предвидува технолошки вишок за 18,000 вработени. Societe Generale отстранува 1 600 позиции.
Шпанскиот Banco Santander SA постигна договор со синдикатите за отпуштање на 3.222 вработени во земјата.
Bank Pekao отпушти 900 луѓе во Полска.
CaixaBank се збогува со 2.000 вработени во Шпанија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×