Мрда домашната стартап сцена, иако има уште многу работа…
Објавено на од во Start-up

Start up WEB glavnaСтартуваше Letz, апликацијата што ги доби првите пари од првиот фонд за стартапи во Македонија

Регионалниот фонд SCV инвестираше 100 илјади евра во Letz, стартапот кој со помош на вештачка интелигенција создаде дигитален асистент што им помага на луѓето во организирање на секојдневните обврски. Апликацијата штотуку стартуваше на светската платформа Product Hunt, а пред домашните стартапи останува предизвикот да ги стигнат регионалните играчи кои што веќе прибираат милионски суми за развој на нивните продукти и услуги, а некои стигнаа и до продажби од преку 50 милиони евра годишно.

 

Вторникот, 25 октомври, беше битен ден во животот на Нино Карас и Мартин Анчевски, двајца млади македонски претприемачи, и нивниот тим од Letz. Познати на домашната стартап заедница како луѓето што стоеја зад апликацијата MarkO, со својот нов стартап токму во вторникот тие на платформата Product Hunt ја лансираа новата апликација, т.н. четбот , што треба да им помогне на луѓето во организирањето на секојдневните обврски. На овој продукт се работеше повеќе од шест месеци, а беше поддржан со 100 илјади евра од регионалниот инвестициски фонд SCV, негова прва инвестиција во Македонија откако отвори канцеларија во Скопје во октомври 2015-та.

Четбот (Chatbot) e компјутерска програма што симулира конверзација со луѓе, a Letz е апликација која што поддржана од вештачка интелигенција се стреми да ја подобри вашата продуктивност во извршување на секојдневните обврски. Луси е една од карактерите на оваа апликација која е базирана на вештачка интелигенција и има неверојатна смисла за хумор. Целта на создавањето на оваа апликација е покрај подобрување на личната продуктивност на корисникот, создавање и градење на една посебна емоционална врска помеѓу Луси и корисникот, објаснуваат дечките од Letz.

Letz WEB

Тимот на Letz, креаторите на четботот што помага во извршување на секојдневните обврски.

Letz е еден од ретките  случаи на домашен стартап да добие шестцифрена сума од venture инвестициски фонд; македонски стартапи добивале поддршка од неколку десетици илјади евра од регионални или европски акцелераторски програми, како што беше случајот на Codewell токму со погоре споменатата апликација MarkO и уште неколку примери. Ова само ја потврдува реалноста дека македонската стартап сцена иако се раздвижува во последно време, с$ уште е далеку од успесите на стартапите што доаѓаат од регионов, а да не зборуваме западноевропските и светските примери. Привлекувањето на инвестиции мерени во десетици милиони евра е научна фантастика за македонските стартапи, за кои што досега освен SCV, како официјален извор на финансиска поддршка стои само државниот Фонд за иновации и технолошки развој, во обем до кај триесетина илјади евра по стартап. Колку за илустрација, стартапот Leanplum, формиран од Бугаринот Момчил Ќурчиев, минатата недела доби уште 29 милиони долари од американски инвестициски фонд, а досега стартапот кој што развива платформа за мобилен маркетинг прибрал вкупно околу 46 милиони долари од инвеститори.

За големите пари, треба големи идеи и излез од Македонија

Но, што е битна работа во случајов? Leanplum е со бугарски корени, но стартапот работи и се развива во Сан Франциско, во Силиконската долина, а не во Софија, или некоја друга балканска метропола. Ако ги разгледаме и останатите балкански стартапи што во моментов прават голем пробив на светскиот пазар, како хрватскиот Bellabeat на пример, ќе видиме дека во најмала рака имаат канцеларии во матичната земја и во уште најмалку една од светските бизнис престолнини, ако не се веќе целосно префрлени во странство. Bellabeat, кој што произведува паметен привезок што мери срцева активност ,спиење и сл., досега има продадено речиси 500.000 парчиња чија просечна цена не е помалку од 100 долари. Инженерите и развојниот оддел се во Загреб, каде што има голем избор на инженерски талент, но маркетингот и производството се лоцирани во Англија, Кина, итн. И оваа компанија својата најголема финансиска поддршка досега ја има добиено од инвеститори надвор од Хрватска. За волја на вистината и Letz има канцеларија во Амстердам, каде што е лоциран пак акцелераторот Rockstart, oд кого што стартапот исто треба да добие поддршка. Македонскиот пазар секако дека е премал за амбициите на повеќето домашни стартапи, особено што најголемиот дел од нив се занимаваат со развој на решенија од ИТ сферата, насочени кон глобалниот пазар. Всушност, и еден од условите за поддршка од страна на SCV фондот – кој што за почетна (seed) фаза предвидува до 100 илјади евра, а за рана фаза на раст до три милиони евра по компанија – е продуктот или услугата да се наменети за светскиот пазар. Како што рече и Ивана Станковиќ од канцеларијата на SCV во Скопје на една конференција, “пари има, но тешко се наоѓаат стартапи во кои вреди да се инвестира. Ние не бараме стартапи кои имаат само идеја или немаат фокус, па скокаат од една идеја на друга. Бараме искусни тимови и претприемачи кои можат нивниот продукт да го продаваат глобално, и кои можат да генерираат приходи. “

Колку всушност вистински стартапи има во земјава?

Ако сакаме да имаме македонска стартап сцена, треба да имаме првин вистински примери на компании што продаваат надвор од Македонија, повеќе стартапи кои привлекле инвестиција, повеќе инвеститори кои сакаат да ризикуваат пари, и повеќе основачи што знаат како да креираат бизнис план. Ова може да се каже дека беше и генералниот заклучок на панелот со наслов “Медиумите и стартапите“  на кој што учествувавме  неколкумина новинари во рамки на Техноинвент 2016, дел од овогодишниот саем Технома посветен на стартап сцената, кој што се одржа од 18 – 22 октомври.

Виктор Дано, модератор на панелот и новинар кој што подолго време ја следи стартап сцената, е еден од основачите на Startap Macedonia, новата асоцијација што треба да ги обедини сите засегнати страни во стартап екосистемот на земјава. Тој рече дека досега успеале да идентификуваат  околу 130 стартапи што работат во Македонија, кои што ја сочинуваат домашната стартап заедница.

“Во јавноста, а и ние медиумите сме одговорни за тоа, често не е ниту најјасно дефинирано што всушност значи стартап. Дали може стартап да биде новоотворено драгсторче? Се разбира дека не. Постои дефиниција во светски рамки за тоа кои услови треба да ги исполнува една компанија за да биде стартап – иновативност, скалабилност на производот/услугата, фокусираност, потенцијал за светски пазар… Имаме уште доста работа во рамки на Startap Macedonia за да го слушнеме гласот на сите инволвирани во процесот на растот и развојот на домашните стартапи и да сториме сè што можеме за да им помогнеме на претприемачите“, рече Дано.


Startapi Tehnoma WEBГодинава на Технома и стартапите имаа свое место
Техноинвент 2016 – Започни и порасни!

Соодветниот амбиент за развој на стартап компании, како едни од двигателите на иновативниот развој на секоја земја, е клучен за нивниот раст и развој. Тој амбиент ги вклучува државните фондови, акцелераторите, инкубаторите како институции кои овозможуваат развој на една бизнис идеја, давање соодветна инфраструктурна, финансиска и друга поддршка на младите претприемачи.Ова беше кажано на конференцијата „Техноинвент- започни и порасни“, која во рамките на „Технома“ ја организираше Фондот за иновации и технолошки развој, на 20 октомври.На конференцијата зборуваа претставници од познати бизнис акцелератори и иновативни фондации со цел на македонските стартапи да им го пренесат своето искуство и да им помогнат во скалирањето на нивните бизнис идеи.Волфганг Книјески од EIT Digital Accelerator, акцелератор формиран од страна на Европската Комисија, истакна дека истиот е отворен за македонските компании, доколку тие се фокусирани на дигиталната технологија и доколку имаат намера да растат и да се шират.Тој порача дека компаниите мора да го надминат локалниот фокус и да се насочат кон интернационалните пазари, бидејќи во ова време локален пазар веќе не постои.Матија Жуљ од хрватскиот стартап „Агриви“ го сподели своето позитивно искуство во развој и интернационализација на софтвер за менаџирање на земјоделско производство. Овој хрватски софтвер веќе се користи во 150 земји и на 15 јазици. Резултат од нивната работа е зголемување на продуктивноста на земјоделците од 20%.
„Целта на нашите решенија е сите земјоделски работи да се менаџираат од еден центар. Според проценките 30 проценти од производството пропаѓа само заради задоцнет третман за заштита на растенијата. ’Агриви’ на клиентите не им нуди само софтвер, туку знаења. Колку е поголем бројот на клиенти на кои ќе им дадеме заења, толку поголемо влијание ќе имаме“, рече Матија Жуљ, основач на „Агриви“.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×