МРТ претстави Етички кодекс  
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Македонска радиотелевизија (МРТ) денеска го презентираше етичкиот кодекс што се чекаше со години, а за него дебатираа раководството на јавниот сервис, новинарите, снимателите, здруженијата на новинари и Агенцијата за аудио и визуелни услуги.

МРТ е важен дел од преговорите за идните реформи што се водат во работната група за имплементација на Договорот од Пржино.

Етичкиот кодекс ги обврзува новинарите да се трудат да бидат независни во својата работа од политички, бизнис и останати интереси. Информирањето мора да се базира на факти со проверена точност. Кодексот забранува пренесување информации за чиј извор се користат изрази како „се зборува“, „сме слушнале дека“, „зборуваат“, „некои тврдат“ … Се бара и во информациите кои тоа го бараат, да бидат застапени двете страни, односно, не смее да има едностраност. Во истата смисла треба рамномерно да се пренесуваат ставовите и на власта и на опозицијата.

Од уредниците и новинарите на МРТ, кодексот бара јасна професионална дистанца кон сите носители и инструменти на власта.

Уредник не смее да менува веќе снимен прилог или емисија без знаење на новинарот, и на авторот не може да му биде наредено под свое име да подготви содржина чиј текст целосно или делумно не го напишал.

Кодексот го претстави директорот на првиот програмски сервис, Диме Ратајковски.

Директорот на МРТ, Марјан Цветковски, најави дека пред одржувањето на парламентарните избори во април 2016 година, новинарите од информативната редакција ќе посетат обука од телевизиската куќа Би-Би-Си, за покривање избори и изборна кампања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×