Мудриниќ од Самит 100: Цената на роамингот според куповната моќ на граѓаните
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Потпретседателот на германски „Дојче Телеком“, Ивица Мудриниќ, денеска во Порторож изјави дека цената на роаминг услугите треба да се одредат според куповната моќ на граѓаните, но и според реалните трошоци.

„Треба да ги балансираме овие две желби, затоа што ако корисниците не се задоволни, никој нема да биде. Ако луѓето не користат мобилен телефон кога ја минуваат гранцата, тоа е загуба за потрошувачите, но и за компанијата“, рече Мудриниќ, потенцирајќи дека подобро е да се користат повеќе услуги со пониски цени, отколку помалку со повисоки.

Тој рече дека кога корисниците се во роаминг ја користат мрежата на трети оператори, а сметката за реализираната услуга ја плаќаат домашните оператори.

„Додека оваа цена не се укине, операторот не може да го намали трошокот, бидејќи тоа е реалната цена“, рече потпретседателот на „Дојче Телеком“.

Мудриниќ изјави дека одлуката да не се укине роамингот во државите на Европската Унија, не треба да влијае врз заложбите на земјите од регионот за да им излезат во пресрет на своите корисници.

Тој потенцира дека инфраструктурата во областа на телокомуникациите во регионот е во голема мера развиеан, а нивото на услуги може да се спореди со најразвиените пазари на Европската Унија.

„Кога ќе се погледне на скалата на конкурентност, тогаш ќе видите дека телекомуникацискиот сектор е најразвиениот дел од економијата како целина, во однос на јавниот и приватниот сектор“, рече Мудриниќ.

Според него, тоа е одраз на досегашните инвестиции и целокупната политика кон телекомуникакцискиот сектор во сите земји од регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×