Мукаетов и Радуловиќ го најавија САМИТ100 2017. Бизнис и политичката елита од регионов по шести пат се собира, овој пат во Скопје
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Шест премиери од Балканов и преку 100 сопственици и топ менаџери од регионалните  – Подравка, Горење, Атлантик група и др. – и светските гиганти, меѓу кои Убер, БМВ, Филип Морис, најавија на денешната прес конференција претседателот на УО на САМИТ100 и прв човек на Алкалоид, Живко Мукаетов и програмскиот директор на Самитот, Јелена Радулович. Учесниците ќе дискутираат за потенцијалите и можностите за економско поврзување, а настанот се одржува на 16 и 17 октомври во Скопје. 
133898412

Мукаетов и Радуловиќ на денешната прес конференција во скопски Алкалоид.

 

 

 

 

 

 

 

 

Стотина реномирани бизнис лидери и највисоки политички претставници од Југоисточна Европа на 16 и 17 октомври во Скопје ќе дискутираат за потенцијалите и можностите на регионот како целина, на 6-тиот САМИТ100. Топ менаџери на најголемите регионални компании, како Горење, Подравка, Атлантик Група, Бамби, но и од светските брендови БМВ, Убер,Филип Морис и др., ќе учествуваат на панел дискусиите на САМИТ100.

“Ова што го прави овој бизнис настан уникатен е тоа што отвора можности за вистинска поврзаност и искористување на заедничкиот потенцијал на земјите од нашиот регион“, рече претседателот на Управниот одбор нас САМИТ100, Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на бордот на фармацевтската компанија Алкалоид од Скопје.

На прес конференцијата по повод претстојниот настан, Мукаетов истакна дека САМИТ100 е создаден како регионална иницијатива и токму затоа членови во неговиот Управен одбор се претставници на стопанството од целиот регион на Југоисточна Европа.

“Како претседател на Управниот одбор, но и како директор на компанија која работи регионално и меѓународно, свесен сум за силата и значењето на заедничкиот настап и поврзаноста на нашите земји. Имено, гледано во светски рамки нашите пазари се мали, но обединувајќи ги интересите и капацитетите во заеднички настап можеме да бидеме сериозно меѓународно конкурентни и истовремено да го свртиме вниманието на глобалниот бизнис кон инвестицискиот потенцијали на земјите од Западен Балкан, Хрватска и Словенија. Како домаќин на овогодишниот САМИТ100, навистина ми е драго што енергијата е препознаена од голем број бизнис и политички лидери кои ги очекуваме во следните денови во Скопје“, рече Мукаетов.

Клучниот збор на овогодишниот САМИТ100 во Скопје е ПОВРЗУВАЊЕ, поврзување во различни области и на различни нивоа. Еден од главните говорници е Еврокомесарката за транспорт Виолета Булц на која ќе ѝ се придружат реномирани бизнис лидери, претставници на водечките компании  од регионот и пошироко, како Хидрија, АСА Груп, Атлас Фондација, Атлантик Група, Горење, БМВ, Подравка, Филип Морис, ББИ, Убер, Бамби и многу други, но и претставници од меѓународни финансиски институции како Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), Европската инвестициона банка (ЕИБ), Светската банка и многу други претставници од бизнис секторот.

„Од година в година САМИТ100 напредува и секогаш додавамепо некоја нова димензија на нашата иницијатива. Во Скопје очекуваме дека ќе продолжиме да го надградуваме нашиот модел и САМИТ100 ќе стане уште посилна платформа со помош на добрата енергија во Скопје, но и дека дополнително ќе ги конкретизираме нашите идеи и по првпат во историјата на САМИТ100 ќе ги им ги претставиме на премиерите, со цел да направиме поширок фронт за унапредување на соработката во регионот“, изјави  Јелена Радуловиќ, програмски директор на САМИТ100.

Програмата на САМИТ100 е поделена во два дена. На денот на отворањето учесниците ќе имаат можност да дискутираат за важноста од поврзувањето на регионот, развојот на зелената мобилност како можност за брз раст, слободното движење на стоките и услугите и како локалните идеи можат да достигнат глобален успех, но и околу идеите и проектите за подобра координација и унапредување на соработката во рамки на нашиот регион и негово приближување кон Европската унија преку Берлинскиот процес, во чија цел е предвидено и потпишување на меморандум за соработка помеѓу САМИТ100 платформата и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6, основан на неодамнешниот Самит во Трст.

Вториот ден, учесниците на САМИТ100 ќе бидатангажирани во 5 креативни работилници посветени на енергетиката, економијата базирана на знаење, брендирање на производите од секторот храна и пијалаци, како и дигиталната економија и туризам. Во текот на денот предвиден е и политички панел на премиерите од регионот– Македонија, Косово, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина на кој ќе им бидат претставени заклучоците од креативните работилници,   а политичките лидери пред присутните ќе го дадат својот осврт на ‘‘Новиот договор за новото доба‘‘ во согласност со слоганот на САМИТ100.

 

Прелиминарната програма е објавена на интернет страницата на САМИТ100.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×