Мукаетов: Очекувам растот на македонската економија да стане апсолутен приоритет
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2019
ZhivkoMukaetov-

Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на “Алкалоид”

Какви очекувања имате за следната 2019 година на ниво на компанија? Проценки за обем на работа, извоз, инвестиции, вработувања…

Претстојната 2019 година ја дочекуваме во атмосфера на позитивни планови и очекувања. Имајќи ги предвид трендовите на континуиран раст на клучните финансиски показатели од работењето на нашата компанија низа години наназад, како и очекуваните позитивни резултати за годината која штотуку завршува, не очекува деловна година во која очекуваме продолжување на растечките трендови. Нашите деловни операции постојано ги шириме и во поглед на асортиман на производи но и географски, освојувајќи нови пазари и региони. Очекуваме финансиски раст на консолидираните приходи од продажби од околу 7% во 2019 година. Со оглед на високото ниво на конкуренцијата во индустриите во кои работиме како и постојаните трендови на намалување на цените на фармацевтските производи, количинските растови очекуваме да бидат доста поголеми од финансиските. За таа цел очекуваме многу високо ниво на инвестициона активност насочена пред се кон зајакнување на производствените, логистичките, контролните и развојните капацитети на компанијата. За дел од планираните инвестиции потребни се конечно реалзизирање на промените во урбанистичките планови и во тој контекст очекувам општините максимално посветено да ги реализираат и забрзаат овие процеси. Паралелно со тоа, ќе продолжи и трендот на пораст на вработувањата во компанијата. Во текот на оваа година веќе ја достигнавме бројката од 2.000 вработени на ниво на Алкалоид групацијата, па земајќи ги предвид плановите за раст и инвестициите, се очекува и понатамошно зголемување на бројот на вработените. Значи не очекува година на високо ниво на продажби како и значајни нови инвестиции и вработувања.
Кои се најголемите предизвици со кои ќе се соочи Вашата компанија и индустријата во која работите во 2019?

Предизвици постојат од интерен, локален, регионален и меѓународен карактер и истите се во меѓусебни корелации. Веќе ги спомнав трендовите на намалување на цените на фармацевтските производи и спорите измени на урбанистичките планови. Наплатата на побарувањата останува како можност за подобрување на локално па и регионално ниво. Предвидливоста на законската регулатива исто така. Глобалната политичко-безбедносна ситуација, валутните движења на одредени национални валути, бариерите во меѓународниот промет исл и те како влијаат на деловните услови и на перформансите компаниите од помалите економии. На сите надворешни предизвици, потребно е да се одговори на брз и квалитетен начин, притоа да се одржат внатрешните системи, да се адаптираат на промените и да се оптимизираат резултатите од работењето. Остануваме посветени кон секојдневното справување со бројните предизвици и во претстојната 2019 година.
Очекувањата и проценки за македонската економија. Каде ги гледате предизвиците и потенцијалите за поголем економски раст?

Како долгогодишно успешна но и максимално општествено-одговорна македонска компанија, секогаш со оптимизам гледаме на можностите на македонската економија. Во 2018 година Македонија направи значаен исчекор во правец на евроатлантските интеграции, што е за поздравување и се надевам дека тој курс ќе продолжи во позитивна насока и во претстојната година,но без разни нерационалности кои би не движеле назад. На овој начин се отвара огромна можност за уште по посветено внимание од страна на сите економски чинители во земјава кон изнаоѓање на системски решенија за покрупен раст на нашата економија. Очекувам во наредниот период растот на македонската економија да стане апсолутен приоритет. Во тој контекст, еден од основните двигатели на растот на македонската економија треба да биде растот на нашиот извоз. Бројни се мерките кои во таа насока може да се направат а делумно и се започнати такви реформи. Само на таков начин ќе се обезбеди квалитетно образование во функција на компаниите, подигање на стандардот на населението, подобрување на условите за работа и живот, намалување на иселувањето на висококвалификуваните кадри исл. Верувам дека доаѓаат подобри времиња за македонската економија.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×