Мукаетов: Поминуваме низ еден стрес тест – индивидуален и колективен
Објавено на од во Компании

Првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов за Рес публика вели дека пандемијата го промени односот кон семејството и тоа на подобро. На луѓето им даде време повеќе за разговор и да се грижат едни за други. За бизнисите пак, вели дека ги натера да се прилагодуваат, особено кон неизбежната дигитализација.
ZhivkoMukaetov-

 

„Факт е дека ни беше наметнато едно ново нормално. Тоа значи дека моравме да се прилагодиме на еден нов начин на функционирање, на еден нов начин на живеење, во сите сфери од она што го живееме. Поминавме и поминуваме низ еден своевиден стрес тест – стрес тест и индивидуален, секој како поединец, но и стрес тест колективен. Дали е тоа во рамки на она што е функционирање во семејството, дали е во рамки на она што е функционирање во рамки, на еве, и компанијата што јас ја водам. Сметам дека научивме дека треба да бидеме многу посвесни, многу поодговорни и за себе и за останатите, за оние околу нас.“, вели генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“.
Тој додава дека  самото тоа како сега функционираме, од друга страна, ни даде шанса да поминуваме многу повеќе време со нашите најмили, со нашето семејство, па искрен да бидам, дури и многу плус, додатни работи да чуеме и дознаеме, поконкретни, подетални за нашите деца, за нашите најмили. „Така да, од тој аспект, да кажеме и позитивно гледам што новата реалност овозможува едно додатно зближување во рамки на семејството.“
Мукаетов смета и дека треба да водиме многу повеќе грижа за нашето здравје, за здравјето на нашите најмили, затоа што вакви времиња покажуваат колку е тоа важно.
„Од аспект на функционирањето на компанијава која ја водам, тука мора да бидеме исто така порационални, да ги користиме сите оние алатки кои ги имаме на располагање. Факт е дека таа дигитализација која доаѓаше, бевме принудени сега многу побрзо да ја прифатиме и очигледно дека нема така лесно да може од неа да се одвоиме и тоа треба да биде една комбинација на она што било начин на работење досега и отсега, и сметам дека тоа на крај на денот ќе даде една додатна можност уште повеќе да се развиваме и да бидеме конкурентни.“
За да  го победиме ова „чудовиште“, како што вели Мукаетов,  кое не можеме  тет-а-тет да го видиме, дефинитивно треба да бидеме уште посвесни, уште поодговорни и уште подисциплинирани, затоа што без тоа сметам дека е многу тешко ова да се победи.
„Многу е важно и да бидеме стрпливи, треба сепак ова цело да се преживее и да ни остане како едно лошо сеќавање од минатото.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×