(Фотогалерија) Мукаетов: Во секоја здрава економија треба да постои синергија помеѓу владата и стопанството
Објавено на од во Компании

Alkaloid 2Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во посета на една од најголемите и најсупешни домашни компании , фармацевтската компанија Алкалоид.

Живко Мукаетов, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид упати особена благодарност до Премиерот и високата владина делегација за интересот за Алкалоид.

“Повод за денешната средба беа резултатите од работењето на компанијата, плановите за влез на нови пазари, проширувањето на производното портфолио и слично. Една од главните теми на средбата беа инвестициите кои ние како компанија континуирано ги спроведуваме и кои во изминативе 20 години надминаа износ од 200 милиони евра. Дадовме осврт на 2018 година, во која Алкалоид имаше пласмани од над 159 милиони евра, од кои преку 100 милиони беа наменети за извозните пазари и инвестиции во износ од 17 милиони евра. За прв пат годинава, компанијата доби финансиска помош при процесот на инвестирање. Со договорот, ние како компанија се обврзавме да инвестираме износ од најмалку 50 милиони евра за период од 5 години, а по констатираното придржување кон одредбите на договорот, ќе имаме право на 10% поврат на износот на инвестицијата, односно максимален износ од 1 милион евра годишно. Како компанија која инвестира значајни фондови во своите капацитети, знаење и кадри, ваквата поддршка ни е дополнителен стимул од кој бенефит ќе имаат обете страни: компанијата во зголемување и осовременување на капацитетите, а Владата во посилна економија, зашто во секоја здрава економија треба да постои синергија помеѓу владата и стопанството”, изјави Мукаетов.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×