Мурињо на претставувањето на Олд Трафорд: Тука има мистика и романса со која не може да се мери ниту еден друг клуб
Објавено на од во lifestyle

По петмесечни наизменични подгревања и ладења ма приказната – Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед, и по јасните најави од неделава, „специјалниот“ и официјално денеска го стави својот потпис за менаџер на „црвените ѓаволи“.

Мурињо ќе го предводи клубот во сезоната 2016/2017, откако потпиша трогодишен договор.

Извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд, најавувајќи го новиот менаџер изјави:

„Жозе е едноставно најдобриот менаџер на денешницата. Осовјувал трофеи и инспирирал играчи во повеќе европски земји, и, секако, тој ја познава Премиер лигата многу добро; каде има освоено три титули. Неговата историја на успеси е иделна за понесување напред на клубот.“

Мурињо на ваквото добредојде одговори со не помали комплименти:

„Да се биде менаџер на Манчестер Јунајтед е особена чест. Ова е клуб познат и почитуван во целиот свет. Тука има мистика и романса со која не може да се мери ниту еден друг клуб.“

53-годишниот португалски стратег досега освојувал првенства и купови во четири држави – Португалија, Англија, Италија и Шпанија, и два пати ја има освоено Лигата на шампионите – со Порто во 2004 година и со Интер во 2010.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×