Мурињо отпуштен од Chelsea со отпремнина од 55 милиони евра
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Chelsea - Jose Mourinho Press ConferenceЛондонски Chelsea на Роман Абрамовиќ го отпуши менаџерот Жозе Мурињо, соопшти BBC. Португалецот ја завршува втората етапа на Stamford Bridge само седум месеци откако ги доведе „сините“ до титулата во Премиер лигата. Сезонава екипата влезе и досега не успеа да излезе од тешката криза поради која по 16 кола се наоѓа на 16-то место, со само бод повеќе од тимовите во зоната за испаѓање од лигата, а со дури 20 бодови помалку од лидерот на табелата Leicester. Инаку, на 7 август Мурињо потпиша нов, четиригодишен договор со Chelsea. И досега во тек на оваа катастрофална сезона за него неколку пати се зборуваше за можноста да биде отпуштен, но Абрамовиќ и бордот на директори не му откажуваа доверба. Хронолошки, испаѓа дека поразот од  Leicester во понеделникот ја прели чашата. Од која за Мурињо ќе „капнат“ дури 55 милиони евра отпремнина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×