Муцунски: На Македонија и требаат добри работодавачи
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Златко Муцунски, директор на Порше Македонија

Mucunski-WEB

Во вакво турбулентно време иднината е мошне тешко да се предвиди, а опасности демнат и онаму каде што не очекувате.

 

За нас единствен правец е нагоре, па така за нашата компанија 2016 година очекувам да е уште поуспешна од 2015 година, да одиме нагоре и со бројки на продадени возила и со бројки на нови клиенти, секогаш освојувајќи нови врвови, бидејќи ние секоја година критериумите ги креваме уште повисоко од претходната, како единствен начин да се исполни нашата единствена цел – постигнување потполно задоволство на клиентите.

 

-Во вакво турбулентно време иднината е мошне тешко да се предвиди, а опасности демнат и онаму каде што не очекувате. Дали невработеноста или политичките превирања или меѓуетнички конфликти, што да очекуваме дека ќе ја парализира економијата овој пат? И на глобално ниво има претпоставки за апокалиптични последици кои се уште се главен непријател за сите идни планови за раст и развој. Но, ние долги години веќе се справуваме со неповолната ситуација, и покрај тешките услови за функционирање со својот квалитет и врвна услуга успеавме да ги задржиме нашите клиенти и да го зголемиме нивниот број, бидејќи во сивилото на кризата во нас гледаат партнер од доверба и секогаш при потрага по нов автомобил,се враќаат во нашиот салон.
-Имаме избори во најава и сметам дека кој и да го превземе кормилото на државата и од сега, како и до сега, ќе работи на подобрување на економската политика и ќе ги превземе сите потребни мерки за истото. Можеби јас би предложил дополнителни олеснувања за странските инвеститори, намалување на бирократијата… На Македонија и требаат добри работодавачи за да може да го фати чекорот со развиениот свет.

Во однос на тоа што ние како компанија ќе направиме во 2016 година за да го подобриме работењето, ќе кажам дека како и досега планираме да продолжиме со давање врвна услуга на клиентите, со носење на врвни модели од нашите брендови, со надминување на нивните барања и потреби. Досега тоа се покажа како вистинска формула за успех, а ние имаме и одличен тим на вработени за да ја спроведеме.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×