МВР со детали за нападот на караулата Гошинце
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово се случил напад на караулата Гошинце, што го окарактеризира како терористички. Како што беше речено на прес-конференцијата во Министерството, поголема вооружена група од 40-тина лица, во 2 часот и 30 минути по полноќ, ја нападнала карулата што се наоѓа во близина на границата на Македонија со Косово, при што биле заробени четворица полициски службеници кои биле дежурни во караулата. Според помошникот-министер Иво Котевски, лицата што го извршиле нападот биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознака на УЧК. Меѓу себе комуницирале на албански јазик.

„Напаѓачите ги разоружале полициските службеници и ги врзале со лисици, а еден од врзаните почнале да го удираат. Лицата (напаѓачите, н.з.) со камера го снимале настанот. Предводникот на групата, на албански јазик, преку преведувач кој говорел на лош македонски и со србизми, им се обратил на врзаните полицајци со следниве зборови: „Ние сме од УЧК и пренесете на сите дека ниту Ахмети, ниту Груевски не може да ве спаси. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви охридски договори – повеќе никој не смее да дојде нагоре. Доколку вас или било кој друг фатиме повторно, сите ќе ве ликвидираме“, соопшти Котевски и додаде дека напаѓачите го одзеле оружјето кое го пронашле во полициската станица, како и радиоврските на полициските службеници, а им ги искршиле мобилните телефони.

Од маскираните вооружени лица на врзаните полицајци им било кажано дека имаат половина час пеш да ја напуштат караулата, при што им биле упатени закани за ликвидација доколку порано го направат тоа, или доколку останат.

„По половина час еден од полициските службеници кој не бил врзан станал, ги земал клучевите од лисиците кои биле оставени на земја во непосредна близина, ги одврзал сите колеги, и пеш се упатиле по патот надолу, а во еден момент одејќи по патот слушнале и долг рафал од автоматско оружје“, рече Котевски.

Според првичните сознанија и оперативните информации на МВР, напаѓачите биле од Косово, но, дополнително се преземаат мерки за обезбедување соодветни докази. МВР презема мерки за целосно расчистување на нападот врз караулата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×