МЖ Инфраструктура прво сертифицирано државно претпријатие за јавни набавки
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ЈП Македонски железници Инфраструктура е првото македонско државно претпријатие што доби меѓународно признат сертификат за одличност во спроведувањето на јавните набавки.
mz infrastrukturaЈП Македонски железници Инфраструктура е првото македонско државно претпријатие што доби меѓународно признат сертификат за одличност во спроведувањето на јавните набавки од Институтот за набавки и снабдување (Chartered Institute of Procurement&Supply-CIPS) од Велика Британија.
-Поминавме низ детален и тежок процес на мониторинг во делот на справување со јавните набавки и снабдувања. Процесот беше инклузивен и ги вклучуваше правилниците и законите на земјава, но и на Европската банка за обнова и развој, како и европските правила и конвенции. Тоа би значело ефикасен, ефективен и инклузивен процес што ги вклучува сите највисоки стандарди на јавни набавки и снабдувања во делот на македонското и на европското законодавство, рече директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани на денешната прес-конфенција.
Тој посочи дека Институтот за набавки и снабдување од Велика Британија е најдобар во светот со повеќе од 150 канцеларии во 150 држави и повеќе од 200.000 луѓе кои се специјализирани во делот на јавните набавки и снабдувањето и додаде дека МЖ Инфраструктура е првото државно претпријатие во земјава кое добива ваков сертификат. Сертификатот, појасни, значи дека како фирма сме спремни да имплементираме проекти на најефикасен, најтранспарентен и најинклузивен начин со сите можни даватели на грантови и кредити и дека ги почитуваме највисоките стандарди за набавка и услуги и на македонското законодавство.
-До добивањето сертификат стигнавме со процес кој е јасно дефиниран со јасен концепт и стратегија и добро поставена структура. Со тоа во целина сме сертифицирани во делот на јавните набавки и продолжуваме и понатаму да ги имплементираме и другите проекти  со највисок, најтранспарентен и најинклузивен процес, потенцира Асани и се заблагодари на ЕБОР за доделениот грант за спроведување на процесот на сертифицирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×