МЗШВ Со законски измени ќе се брани од несериозните апликанти за земјоделско земјиште
Објавено на од во Економија
На огласите за доделување над три хектари земјоделско земјиште ќе нема веќе несериозни апликанти кои на електронските наддавања нудеа многу големи суми, но потоа не склучуваа договори затоа што немаа никаква обврска и ги спречуваа сериозните инвестиции.
zemjodelstvo-vinoСо предложените измени на Законот за земјоделско земјиште ставаме ограничување да неможе никој да си дозволи да врши електронско наддавање како ќе му текне, а притоа да нема никаква обврска.  Ги обврзуваме, ако се понуди каква било сума, а не се склучи договор, за да не стои земјиштето со месеци и со години, државата да има право на надомест на штета во износ од едногодишна закупнина што ја понудиле. На овој начин ќе ги отстраниме несеризоните апликанти кои заради блокада на инвестиции на луѓе кои навистина сакаат да инвестираат прават такво електронско наддавање“, рече денеска на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
За новината ќе има кампања за да се има во предвид за претстојниот оглас со којшто ќе бидат на располагање 15.000 хектари земјоделско земјиште.
Со законските измени, се овозможува при електронско наддавање за земјоделско земјиште од над  три хектари доколку прворангираниот не го склучи договорот тоа да може да го направи второрангираниот.
„Таква можност немаше досега. На тој начин ја забрзуваме постапката односно да нема повторување бидејќи се соочивме со ситуација кога буквално одредени јавни огласи неможеа да се реализираат две години само заради пречките во законот“, рече Николовски.
Ќе се овозможи и на земјоделско земјиште да се градат објекти за промоција на земјоделски производи односно угостителски и објекти за спортско рекреативни активности.  Во таа насока, посочи ресорниот министер, се и измените на Законот за вино каде се олеснети критеримите за физичките лица производители на вино и за малите и средни бутик винарници.
„Овозможуваме на земјоделско земјиште каде има винарници и други капацитети да може да се грдат други објекти како ресторани и угостителски објекти со што ќе го развиваме и руралниот вински и севкупен туризам. Ова за мене е клучната измена на законот којшто ќе овозможи целосен развој на секторот. Ќе се зголемат инвестициите во ваков тип на објекти од страна на земјоделските стопанства, искористеноста на ИПАРД фондовите затоа што ќе може за нив да се аплицира во ИПАРД програмата и ќе се придонесе за развој на руралните средини односно  на руралниот туризам, нашиот фокус со неколкуте закони што ги менуваме“, рече Николовски.
Во делот на банкарските гаранции се воведува алтернативна можност за закупците односно наместо банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот да се обезбеди депозитна сметка во буџетот на државата.
Законските измени предвидуваат младите до 40 години да бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување и стапување во сила на договорот. Се решава, како што наведе Николовски, и долгогодишниот проблем на одгледувачите на пчели со недостигот на површини за поставување пчелни семејства. Се проширува и намената на земјоделско земјиште кое може да се додели во закуп со можност и за поставување на пчелни семејства.
Како што оцени Николовски, законот ќе овозможи вистинската распределба на државното земјоделско земјиште, зголемени обработливи површини и производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски  производи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×