Н.Е.Рејчел Галовеј: Склучувањето на новиот билатерален договор ќе ги продлабочи трговските врски помеѓу Велика Британија и Северна Македонија
Објавено на од во Интервју

2KK_2124Н.Е.Рејчел Галовеј
Амбасадор на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија

Склучувањето на новиот билатерален договор за Партнерство, трговија и соработка ќе значи дека Велика Британија и Северна Македонија продолжуваат да ги продлабочуваат трговските врски на билатерално ниво. Договорот ќе влезе во сила или по периодот за спроведување на договорот помеѓу Велика Британија и ЕУ, доколку Велика Британија ја напушти ЕУ со договор, или веднаш во случај на излез од Унијата без договор. Договорот ќе го задржи континуитетот на соработка помеѓу двете земји и ќе обезбеди фирмите да продолжат да ги уживаат постоечките придобивки од повластениот трговски режим со минимални пречки.

 

Случувањата околу Брегзит, односно излегувањето на Велика Британија од ЕУ стануваат некако пресложени за македонската јавност. Дали дефинитивно се знае на кој начин ќе се случува овој процес?
Излезот на Велика Британија од ЕУ е комплициран процес кој се менува, па британската влада го води чекор по чекор.
Според последниот развој на настаните, излезот на Велика Британија ќе се случи на 31 јануари 2020 година, со можност да се случи и порано, доколку Договорот кој го постигна премиерот Борис Џонсон се имплементира во целост пред овој датум.
Како Брегзит ќе влијае врз односите помеѓу С.Македонија и Велика Британија?
Велика Британија е долгоророчно и силно посветена кон Република Северна Македонија. Јас сум сигурна дека нашите билатерални односи ќе продолжат да се зајакнуваат, со поголема соработка и партнерство помеѓу Велика Британија и Северна Македонија, со оглед на тоа што двете земји се соочуваат со исти закани и имаат заеднички цели.
Велика Британија на Самитот на Западен Балкан во Лондон во 2018 година, јавно се обврза да ја поддржува регионалната стабилност и безбедност во Западниот Балкан. Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Северна Македонија во нејзината евро-атлантска интеграција и ќе продолжиме да се залагаме за изградба на стабилно и просперитетно општество.
До крајот на следната фискална година Велика Британија четирикратно ќе ја зголеми програмската поддршка на Западен Балкан и ќе алоцира 80 милиони фунти. Во Северна Македонија, Велика Британија троши пет милиони фунти на билатерални проекти годишно, а дополнително се вложуваат и средства преку регионални проекти. Нашите програми ги поддржуваат реформите во областа на владеењето на правото, безбедноста и разузнавањето, образованието, економијата, младите и медиумите. Ова ќе продолжи и во иднина.

Склучувањето на новиот билатерален договор за Партнерство, трговија и соработка ќе значи дека Велика Британија и Северна Македонија продолжуваат да ги продлабочуваат трговските врски на билатерално ниво.

15NКако ја оценувате досегашната трговска и економска соработка помеѓу С.Македонија и Велика Британија? Каде ги лоцирате потенцијалите за подобрување на соработката?
Вкупната трговска размена помеѓу Велика Британија и Северна Македонија изнесуваше 2,1 милијарди фунти во 2018 година. Северна Македонија е шеесетиот најголем трговски партнер на Велика Британија и најголемиот трговски партнер од Западен Балкан. Увозот од Северна Македонија за истиот период изнесуваше 0,5 милијарди фунти, и со тоа Северна Македонија е седумдесет и осми најголем увозен пазар на Велика Британија, со потенцијал да расте понатаму.
Од перспектива на Северна Македонија, бројките се уште поимпресивни. Со инвестицијата на Џонсон Мети во автомобилската индустрија, но и со инвестициите во рударската, ИТ и текстилната индустрија, Велика Британија претставува водечка земја од која доаѓаат директни странски инвестиции.
Само за 2019 година, трговијата бележи раст од 40%, што ја прави Велика Британија втор најголем трговски партнер на Северна Македонија за 2019 година.
Голем дел од нашите програмски активности се фокусираат на просперитетот на земјата. Овде е вклучена поддршката за изработка на Националната енергетска стратегија, буџетските реформи, развојот на вештини, иновации, дигитална економија, образование и млади. Штотуку потпишавме Меморандум за соработка со Министерството за економија, за проект кој има за цел подобрување на климата за користење на јавно-приватното партнерство и концесиите, преку унапредување на правната рамка и зголемување на институционалниот капацитет.
За домашните и странските инвеститори е од витално значење бизнис климата да биде стабилна и предвидлива. Токму затоа во нашето портфолио се вклучени и проектите за поддршка на правната држава, реформа на јавната администрација и транспарентноста.
Договорот за трговска соработка, ќе понуди континуитет и стабилност, но и низа нови можности за британските и македонските компании. Овие обновени економски релации, ќе овозможат понатамошен раст во секторите во кои веќе успешно се соработува и ќе отворат нови можности за бизнис соработка.
14NВелика Британија потпишува билатерални договори за соработка со одделни земји, меѓу кои и со Македонија. Може ли подетално да објасните што ќе значи овој договор и што точно ќе се регулира со него?
Новиот договор за партнерство помеѓу Велика Британија и Северна Македонија е сличен на веќе постоечкиот договор за Стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија. Договорот ќе влезе во сила или по периодот за спроведување на договорот помеѓу Велика Британија и ЕУ, доколку Велика Британија ја напушти ЕУ со договор, или веднаш во случај на излез од Унијата без договор. Договорот ќе го задржи континуитетот на соработка помеѓу двете земји и ќе обезбеди фирмите да продолжат да ги уживаат постоечките придобивки од повластениот трговски режим со минимални пречки.
Дали и како новиот договор за соработка ги регулира инвестициите од Велика Британија во земјава?
Договорот гарантира дека компаниите ќе продолжат да ги уживаат придобивките од постоечкиот Договор за Стабилизација и асоцијација, и е добра основа за градење на идни трговски односи. Меѓу другото, Договорот овозможува бесцаринска трговија на индустриски производи заедно со либерализација на трговијата со друг вид значајни производи.
Истотака, овозможува рамка за соработка и развој на политички, економски и социјални врски.
Велика Британија е една од земјите за кои македонските граѓани им се потребни визи за да патуваат. Дали се планира олеснување на овој режим?
Институцијата одговорна за визната политика, британското Министерство за внатрешни работи, постојано врши ревизија на визните регулативи за секоја земја. Во моментов, не постои план за олеснување на визниот режим за Република Северна Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×