Народната банка известува дека на 31. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 13 декември 2018 година (четврток) со почеток во 14 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:
‒ „Оценување на ефикасноста на банките во Република Македонија: Непараметарски пристап“, од авторите Катерина Фотова-Чиковиќ и Виолета Цветкоска и
‒ „Дезинфлаторните прелевања од земјите во eврозоната кон земјите од Југоисточна Европа“, од авторите Гани Рамадани и Предраг Пандилоски.
Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите можат да го најават своето присуство најдоцна до 12 декември 2018 година (среда) на е-адресата: info@nbrm.mk.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на НБРМ www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.