На 13 септември во Скопје, прв Балкански претприемачки самит
Објавено на од во Економија
„Низ листа на инспиративни говорници од САД, Франција, Индија, Бугарија, Турција но и од Македонија имаме за цел да ги поврземе бизнисите на првиот Балкански претприемачки самит но и заедно да го претвориме во традиција.“, вели Аријана Коскарова, основач на Creative Hub и организатор на настанот.  
 70593526_512562709313198_5426392880132390912_n
Балканскиот претприемачки самит што ќе се одржи на 13 септември  во Скопје има за цел да обедини на едно место бизнисмени од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија се со цел да ги поврзе во меѓусебна соработка која во иднина ќе отвори нови можности за сите, велат од организаторот Creative Hub.
„Самитот ќе се одржи во хотел Хилтон на кој ќе присуствуваат над 250 гости, истакнати бизнисмени, претприемачи, иноватори. Настанот ќе го отвори прашањето на успешна балканска соработка, ќе слушнеме за инвеститорски трендови во светот но и на Балканот, ќе зборуваме за трендот на ‘недостаток на квалитетна работна сила’, но и ќе разговараме за иновациите во индустриите. Низ листа на инспиративни говорници од САД, Франција, Индија, Бугарија, Турција но и од Македонија имаме за цел да ги поврземе бизнисите на првиот Балкански претприемачки самит но и заедно да го претвориме во традиција.“, вели Аријана Коскарова, основач на Creative Hub и организатор на настанот.
Со неа разговаравме околу Самитот, но и за нејзините ставови околу претприемништвото и неговиот развој во земјава.
 
-Објаснете ни кои теми ќе бидат главни на панелите, какви профили на говорници ќе има на Самитот во петок  и што може посетителите да очекуваат од нив?
Во петок на првиот Балкански претприемачки самит токму во фокусот е претприемништвото односно сите аспекти на еден бизнис, финансии, иновации и справување со недостаток на работна сила. За гости имаме балкански најуспешни бизнисмени според повеќе параметри,  како што е Васил Наци, основачот на Agna Group, една од најголемите компании денес во Албанија, раширена во повеќе дености – производство, дистрибуција, градежништво, итн., потоа глобалниот директор за дигитален маркетинг  на Dior, Акаш Мехта, инаку многу влијателен во светот на индустријата за убавина, со околу 300 илјади следбеници на Instagram.  Панелист ќе биде и Танер Акцок,  директор на Finleap, германска компанија којашто во моментов е број еден во Европа финтек екосистем, односно градител на иновативни финтек компании, којашто веќе го доби епитетот „Амазон во светот на новите финансиски технологии. Ова се само мал дел од гостите – панелисти на Самитот, ќе има и други интересни говорници од Балканот, пошироко, но и од Македонија, се разбира, претставници на бизнис коморите, државниот сектор, итн.
arijna

Аријана Коскарова, Creative Hub, организатор на Балканскиот претприемачки самит

-Очигледен е недостигот на поголем број venture capital извори во земјава, а токму оваа тема ќе се дискутира и на Самитот. Кои ќе бидат гости од оваа област и што очекувате да се развие како дискусија?
Како гости ги имаме Евгениј Ангелов претседател на бугарската Асоцијација на venturecapital и партнер во Post scriptum ventures, заменик министер за економија кој всушност го донесе venturecapital концептот во Бугарија, и Јоргос Мусмулас од Грција, којшто  има над 20 години искуство во venture capital инвестиции и самиот е партнер во Metavalon Ventures, фирма која инвестира во seed и pre–seed  проекти.
-Како успеавте да го донесете Еван Лутра, познат сериски претприемач од Индија, и дали дел од македонските стартапи ќе може да “питчуваат“ пред него?
 
Еван го запознав во Монако, пред три години. Останавме пријатели, секогаш го канам да дојде во Скопје, а Самитот беше одлична можност поради тоа што е познат сериски инвеститор. Пред неколку години на Webit во Бугарија додели 200.000 ЕУР на добитниците. Сакаме истото да го направиме и во Македонија. Можеби некоја од трите фирми кои ќе пичираат ќе добие инвестиција.
-Една сте од ретките млади луѓе од Македонија номинирани за признанијата на Forbes, 30 under 30, па кажете ни нешто повеќе за својата работа, што е всушност Creative Hub и кои се вашите планови на среден и долг рок?
Creative Hub е концепт на неформално образование, кој работи на 5П пристап односно: предавачи експерти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи од странство, настани и платена пракса за секој студент. Актуелни сме по Академии за маркетинг и односи со јавност, графички дизајн, веб дизајн, човечки ресурси, а она што не прави поразлични е додатокот на диплома кој го даваме што е признат сегде во свет. На среден рок после самитот отвораме компанија и  во Албанија, а на долг рок се надевам дека Creative Hub ќе стане препознатлив бренд кој ќе се најде на берзата во Њујорк.
-Како го оценувате развојот на домашната стартап сцена последниве години и кои се според вас клучните точки на коишто треба најмногу да се работи во иднина, ако се споредиме со развиените стартап екосистеми како Естонија, Летонија, Израел итн.?
Генерално Македонија е мал пазар со низок стандард, ниту 2 милиони популација, што ја отежнува ситуацијата за развој на бизниси. Од друга страна за успех на стартапи потребно е финансии, но и менторство, насока. Јас би рекла дека проблемот е во недостатокот на менторство и насока од бизнис ангели или лица кои би биле дел од компанијата и бордот за да и дадат еден “jump start”. Сум имала можност и да посетам акцелератори во Израел и она што ми остана во глава се биткоин машини на влез. Тоа кажува дека општеството е многу понапред од нас.
-Кои се за вас најпотребните работи на коишто треба да се фокусира еден стартап што никнува од средина како Македонија, односно Балкан?
Најпрво треба да има производ или услуга што одговара на потребите на пазарот. Потребни се финансии, поради тоа што без финансии не може да се реализира бизнис идеја колку и да е добра, и потоа тим што ќе ја води. Клучна разлика за успех на тој бизнис прават и ментори кои имаат искуство и кои можат да го насочат бизнисот. Не е хендикеп да си бизнисмен во Македонија, хендикеп е да не пробаш да имаш бизнис.
-Да може да се вратите 2-3 години назад во времето кој е најдрагоцениот совет што сте би го дале самата на себе со оглед на искуството што го имате во меѓувреме?
Почни па ако биде биде, ако не добро искуство било. Пред 2 години го отворив Creative Hub, во меѓувреме стигнавме до Forbes, а денес организираме Балкански претприемачки самит. Тоа е се’ благодарение на Creative Hub.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×