На 15 дена стопирана изградбата кај Мајчин Дом
Објавено на од во Економија

„Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија, ги преземам сите можни мерки и напори со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Протест

Од вчерашниот протест на аеродромци

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин на прес-конференција изјави дека по разговор со инвеститорот издал решение за запирање на градбата на зградата кај Мајчин дом. Забраната важи за 15 дена.

„Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија, ги преземам сите можни мерки и напори со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом“, изјави Марин.

Тој додаде дека презема иницијатива за решавање на проблемот со разговор со граѓаните, со инвеститорот и со Градот Скопје и оти во петок закажал вонредна седница на Советот на општина Аеродром, на која ги повикува да присуствуваат граѓанските организации и сите засегнати граѓани да присуствуваат на седницата и „да бидат дел од процесот“, вели тој.

Неколку стотици граѓани вчера револтирани излегоа да протестираат против изградбата на висококатница во зелената површина пред Мајчин дом. Тие побараа стопирање на градбата и оставка на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, кој во предизборната кампања вети дека ќе ја стопира оваа градба. По неколку часовниот протест, состојбата ескалираше со удирање и рушење на поставените тараби и извици „Криминалци, мрш од Аеродром“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×