На 20.09 прва Конференција за бизнис и човекови права во Скопје
Објавено на од во Компании
Целта на Конференцијата  e да се даде поддршка на економските и социјалните права во приватниот сектор преку унапредување на деловните и човековите права. 
Screenshot_1
На 20.09.2019 (петок) во Скопје во хотел Арка со почеток во 11 ч. ќе се одржив “Конференција за бизнис и човекови права“. Конференцијата  се реализира во рамките на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Здружението Конект и Бизнис Конфедерација, чија цел e поддршка на економските и социјалните права во приватниот сектор преку унапредување на деловните и човековите права. Настанот е организиран во соработка со Мрежата на Глобалниот договор на ОН во Северна Македонија.
„ Сите ние можеме да ги промовираме и штитиме човековите права. Нивното почитување е обврска на сите сопственици на бизниси, менаџер(-ки) и вработени. Затоа повелете на  конференцијата каде што  ќе може да научите  за обврските од Водечките принципи за бизнис и човекови права на ОН; да дознаете  за најдобрите практики од врвни странски говорници; како и да се приклучите  на иницијативата и направите  промена во сопствениот  бизнис, организација, институција и заедница“, велат од Конект.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×