На 29 февруари нов состанок за „мерките на доверба“ меѓу Македонија и Грција
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

На крајот од овој месец, двата преговарачки тима, на Македонија и Грција ќе се сретнат по трет пат да разговараат за „мерките на доверба“ кои минатата година ги договорија двете страни.

Како што соопштија тогаш министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски и неговиот грчки колега Никос Коѕиас, за почеток се договорени 11 мерки на доверба во областа на образованието, кјултурата, енергетиката, здравството, внатрешните работи, инфраструктурното поврзување.

Во областа на образованието се предвидува соработка меѓу универзитети, институти и центри за истражување, во областа на економијата организирање бизнис форуми, во транспортот ќе се работи на подобра енергетска и железничка поврзаност, во делот на правда ќе се воспостават точки на комуникација за размена на информациите за нелегалната миграција и борбата против организираниот криминал.

Во делот на политичките критериуми предложени се редовни политички консултации помеѓу македонското и грчкото МНР, мерка што ја практикуваат со сите ЕУ-членки освен со Грција.

Притоа, листата, рекоа тогаш двајцата соговорници, не е конечна и ќе се работи на нејзино проширување и надградување, но 11 точки се добра стартна основа за дефинитивно подобрување на климата и зголемување на довербата во сите наши односи.

Преку овие мерки,  двете страни сакаат да се создаде клима за решавање на најважното прашање, спорот за името.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×