На 6 јуни нови протести во Грција „за грчкиот карактер на Македонија“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

За 6 јуни во 19.30 часот, организаторите на протестите за „грчкиот карактер на Македонија“, закажаа нови, паралелни демонстрации низ повеќе градови во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Последните случувања во преговорите за името се главниот повод за новите протести, според „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ што се јавува како организатор.

По Солун и Атина, како што соопштуваат организаторите, сега се во контакт со локалната администрација за одржување протести во други градови, но и за добивање поддршка „во борбата на грчките граѓани против распродавањето на името на Македонија“.

„Преку овие протести, Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија ќе се обиде да ги потсети политичарите во земјата дека грчкиот народ донесе одлука во врска со името на Македонија и бара примена на одлуките. Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија ѝ разјаснува на грчката Влада дека ниту едно име што го вклучува терминот „Македонија“ не може да биде прифатено од страна на грчката страна, пишува во соопштението на организаторите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×