На богатите земји ќе им фалат милијарди за да ги исплатат пензионерите
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Околу 78.000 милијарди долари ќе им недостасуваат на најбогатите држави за да можат да исплатат пензии во висина на денешните, покажува анализата на CityBank.

Во иднина државните пензии ќе се гледаат само како заштитна мрежа, а не како примања кои би можеле да обезбедат мирна старост, предупредуваат овие аналитичари во најновиот извештај кој покажува дека пензиските фондови во најбогатите земји се „пократки“ за 78.000 милијарди долари за да можат да исплатат пензии во висина на денешните.

penzijaСпоред Ageing report 2015, кој се смета за документ со најпрецизни податоци од Европската комисија, германските работници кои во 2050 година ќе активираат пензија, а тоа се денешните 30 годишници, ќе имаат пензија на ниво од 37% од своите плати, а најдобро ќе поминат пензионерите во Грција и Италија на кои државата ќе им дава пензија во висина од 50% од заработувачката.

Извештајот пак на Citybank покажува дека пензионерите во богатите земји во OECD, меѓу кои се и Германија и Франција, но и Австралија и САД, мора да се загрижат оти не можат опуштено да очекуваат дека ќе патуваат на егзотични дестинации тогаш кога ќе ја активираат пензијата.

Оттаму велат дека јавната потрошувачка, профитите на компаниите и самите пензии ќе мора да се намалат насекаде ширум светот со цел да се одржи системот на исплати.

Тие исто така тврдат дека сите облици на фондови, од државни до приватни,се недоволно капитализирани за да можат да го поднесат растечкиот број на пензионери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×