На Чешка и’ се потребни 500.000 работници
Објавено на од во Економија
Чешка е земја со најмала невработеност во Европската Унија, но сепак, владата го свртува погледот кон исток за да го надомести сериозниот недостиг на работници.
чешка воркерсВластите во Прага ќе преземат мерки, главно поврзани со олеснување на процесот за добивање дозвола за работа.
Според новата владина стратегија, чешките компании ќе можат да бараат квалификуван персонал од земји како што се Украина, Црна Гора, Србија, Молдавија и од земји во Централна Азија, според веб-страницата „Emerging Europe“.
„Ние дури не треба да се потсетиме на штетата врз економијата од недостаток на квалификувани работници“, соопшти локалната трговска комора.
Институцијата проценува дека чешката економија изгуби 84 милијарди круни или 3,2 милијарди евра, поради недостигот на работници минатата година. Негативниот ефект се предвидува да се продлабочи на 4,2 милијарди евра во 2019 година.
Во меѓувреме, сегашната квота за украинските граѓани во моментот е 19.600 работници, а заклучно со септември би можела да стане 40.000 луѓе. Границата ќе биде отворена за до 2000 работници од Црна Гора и Србија, а до 1000 за Филипините, Молдавија и Монголија.
“Да, тоа е како капка во морето. Дури и ваквите квоти нема да ја задоволат побарувачката на работниците затоа што, според наши проценки, дефицитот во моментот е на 500.000 луѓе”, рече претставник на комората.
Официјалните статистики покажуваат дека невработеноста во Чешка падна на 2,6% во јуни, што е најниско ниво од 22 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×