На хуманитарниот пикник на „Алкалоид“ собрани над милион денари кои ќе бидат донирани Здружението „Живот со предизвици“
Објавено на од во Економија

Alkaloid 1Осми пат по ред, големото семејство на Алкалоиди годинава ја продолжи традицијата наречена хуманитарен пикник за вработените, членовите на нивните семејства инивните пријатели.

На годинешниов хуманитарен хепенинг спроведен под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов”, чиј основач е компанијата „Алкалоид”, собрани се над 1.050.000 денари, кои годинава ќе бидат донирани на здужението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици”.

„Осма година по ред, големото семејство алкалоидовци ја покажа својата хуманост на дело. Околу три илјади наши пријатели и вработени, го донесоа своето добро расположение во една заедничка мисија: поддршка на здружението за ретки болести ‘Живот со предизвици’. Се проценува дека постојат околу 8000 различни ретки болести. Во Европа, 30 милиони лица се под влијание на ретка болест, а според таквите статистики, во Македонија има околу 120.000 лица кои се афектирани од ретка болест. Ниту еден систем, ниту една индивидуа не може да се справи сама со предизвиците кои ги носат ретките болести. Затоа, годинава одлучивме нашиот традиционален донаторски хепенинг да го поддржи здружението кое се справува со проблемите на поединци соочени со ретки болести” – истакна г. Живко Мукаетов, Генерален директор на „Алкалоид” и Претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов”.

Alkaloid 2Претседателката на здружението„Живот со предизвици”, г-ѓа Весна Алексовска, која и самата храбро чекори со предизвикот наречен ретка болест истакна: „Со оваа донација ќе можеме да ги зголемиме напорите за помош и поддршка на семејствата кои се соочуваат со ретки болести во Македонија преку таканаречената ‘Линија за помош’ која неформално ја одржуваме веќе три години. Имајќи ги предвид драгоцените фактор ‘време’ и ‘релевантна информација’, по примерот на Европските земји и на нашите соседи Хрватска и Србија, донацијата од ‘Алкалоид’ ќе ја искористиме за формализирање на оваа т.н. ‘Линија за помош’. Преку истата, планираме организирано да им помагаме на луѓето со ретки болести во нашата земја, најнапред со навремена, точна и соодветна информација, потоа со нивно поврзување и насочување со цел да ги остварат своите здравствени и социјални права. Ќе продолжиме да се бориме за подобрување на квалитетот на живот на луѓето со ретки болести. Да имаш ретка болест значи да се соочиш со стравот, да ја прегрнеш надежта и да се бориш за иднината. Кога имаме поддршка од заедницата нашата работа е полесна. Благодариме што имате слух за предизвиците на оваа ретка група на граѓани”.

Здружението „Живот со предизвици” е основано во 2009 година од страна на родители и пациенти со ретки болести. Членка е на: Европската Организација за Ретки Болести EURORDIS , Европската Гоше Алијанса EGA, Алијанса за Миелодиспластичен Синдром MDS Alliance, Алијансата на Пациентски Организации IAPO, Националната Алијанса за Ретки Болести на Р. Македонија и слични.

Alkaloid 3Годинава, маичките кои претставуваа официјален дрес код на настанот беа дизајнирани од познатиот македонски уметник „ТиноСки”. Лајтмотивот на истите беше: „Љубов е сѐ што ни треба” – подадена рака и почит за сите поединци кои се соочуваат со стравот, неизвесноста, лутањето, паниката, очајот, пресвртите и превратите во борбата со ретките болести.

Традиционалниот хуманитарен хепенинг на „Алкалоид АД Скопје” претставува празнување на најдоблесните човечки одлики: хуманоста и човечката солидарност. Хуманата мисија како еден од темелите врз кои „Алкалоид” расте и се развива полни осум децении, ќе продолжи и во иднина, позиционирајќи ја општествената одговорност на врвот на приоритетите на „Алкалоид АД” Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×