На Косово уапсени 13 Срби, еден косовски полицаец е ранет
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

До 8:30 часот утрово косовските специјални сили Росу уапсиле 13 Срби, припадници на косовската полиција на север во Косово, јави Танјуг повикувајќи се на извори.

policija kosovoДиректорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ утрово изјави за РТС, дека косовски специјалци напаѓаат Срби на влез во Зубин Поток во обид да влезат во тоа населено место. Тој додаде дека косовските специјалци со оружје упаднале утрово во сите четири општини на север во Косово. Според него, апсењата се извршени „поради некаква вмешаност на тие лица во организиран криминал“.

Припадник на косовската полиција е ранет во акцијата на специјалните полициски единици Росу во општините со мнозинско српско население во северно Косово, јавија косовските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Официјална потврда на оваа информација за сега се уште нема.

Косовската полиција соопшти дека утрово, во соработка со полцискиот инспекторат, спроведува операција во Северна Митровица, која резултира со приведување на неколку полициски службеници и граѓани.

Според соопштението, на денешната операција ѝ претходела неколкумесечна истрага од страна на Инспекторат на полицијата и Специјалното обвинителство, од која произлегло „основано сомневање за ‘учество или организирање на криминална група’ од страна на некои полициски службеници и граѓани, во врска со кривични дела како ’шверц на стоки’, ’злоупотреба на службена положба’,’давање поткуп’, ’недозволена трговија’ и други.

Полицијата, како што јави дописникот на МИА од Приштина, тврди дека наишла на вооружен отпор во северот на Митровица, меѓутоа операцијата продолжува, „вклучувајќи апсења и претреси во неколку локации, што резултира со конфискација на релевантни докази, вклучително долго оружје“.

„Полицијата на Косово, во соработка со органите на правдата и полицискиот Инспекторат, останува посветена на остварувањето на своите законски задачи и одговорности, со цел зачувување на јавниот ред и мир, спречување на незаконски дејствија, незазвисно од тоа кои лица се опфатени во таквите кривични дела“, се вели во соопштението.

Според медиумите, досега се упасени најмалку пет лица од српска националност, меѓу кои и припадници на косовската полиција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×