На косовската Влада Парламентот ѝ изгласа недоверба
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Косовското Собрание ѝ изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа.

Мустафа изјави дека неговата смена е политички памфлет насочен кон дестабилизација на Косово, создавање недоверба во институциите и институционален вакуум.

Барањето за гласање недоверба на Владата го поднесоа од Иницијативата за Косово со поддршка на Алијансата за иднина на Косово и Самоопределување, како и 12 пратеници од редовите на партиите од власта. За соборување на Владата гласаа и пратеници на Демократската партија на Косово, на шефот на државата Хашим Тачи.

Официјална Приштина сега е во исчекување на предвремени парламентарни избори.

Шефицата на пратеничката група на Иницијатива за Косово, Ваљдета Бајрами, во образложението на предлогот да ѝ се изгласа недоверба на Владата, рече дека кабинетот на Мустафа не исполнил многу од ветувањата, потпишал штетни договори со Брисел, и прифатил лош договор за демаркација на границата со Црна Гора.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×