На македонские банки за една година им се преполовила добивката
Објавено на од во Економија
Aнализата на НБРМ, според најновите податоци од извештајот за ризиците во банкарскиот сектор во првиот квартал од годинава.  споредено со истиот период лани покажа дека банките имаат преполовена добивка.
banki„Ваквите движења се, во најголема мера, последица на влијанието на настани од еднократен карактер присутни во првото тримесечје од 2018 година (со нив се објаснуваат речиси 90% од падот на добивката).
Остварената добивка во првиот квартал од 2019 година е помала за 9,4% во споредба со 2018 година, што, пак, најмногу произлегува од намалувањето на капиталните добивки од продажби на средства и на нето каматните приходи (заради пад на каматните приходи при истовремен раст на каматните расходи), како и од зголемувањето на оперативните трошоци на банките“, се вели во извештајот на Народната банка.
Заклучно со 31.3.2019 година, стапките на поврат на просечната актива и просечниот капитал и резерви на банкарскиот систем изнесуваа 1,5% и 13,5%, соодветно (наспроти, 3,1% и 28%, за првите три месеци од 2018 година), додека соодносот меѓу оперативните трошоци и вкупните редовни приходи изнесува 50,9% (42,2%, за истиот период од минатата година).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×