На полноќ ќе се одржи лидерска средба за опстанок на Договорот од Пржино
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ноќеска на полноќ ќе има нова средба на лидерите на четирите политички партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА) потписнички на Договорот од Пржино. Преговорите продложуваат откако во понеделникот вечерта, на состанок што заврши по 12 часа следното утро, а на кој учествуваше и еврокомесарот Јоханес Хан, не беше постигнат договор за отворените прашања од Договорот.

Белгискиот експерт кој ги олеснува преговорите, Питер Ванхауте, деновиве имал одвоени средби со претставници на политичките партии. Тој во средата, на средба со новинарите, даде неколку денови време за затворање на отворените прашања, а во спротивно оцени дека Договорот од 2 јуни/15 јули ќе пропадне. Ванхауте, во контекстот, најави сериозен одговор од Европската унија и од САД доколку партиите не покажат дека се на нивото на ситуацијата, и не најдат компромис, односно, не покажат сериозност на лидерство кое решава кој е патот кон кој треба да се движи Македонија. Говорејќи за евентуалните санкции со кои во тој случај би се соочила државата, Ванхауте ја спомена Белорусија, што е показателно само по себе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×