На сите (не) им е јасно дека преговорите се врвен стратешки интерес
Објавено на од во КАПИТАЛ АНАЛИЗА

highway under sunshineВо очекување на преговарачката рамка со ЕУ

Европската комисија ги финализира условите под коишто земјава ќе може да стане полноправна членка.
Деновиве се очекува да биде готова првата драфт верзија на најважниот документ којшто претставува патоказ низ преговорите за членство во ЕУ, таканаречената преговарачка рамка, со која Европската Комисија го дефинира текот, опсегот и структурата, клучните услови кои мора да се прифатат и процедурите преку кои ќе се одвиваат преговорите до нивното завршување.
Капитал анализира што точно значи овој документ и дали македонското општество (а пред се’ политичките елити) има капацитет да ја разбере важноста и комплексноста на процесот што е пред нас?
Европската комисија ги финализира условите под коишто земјава ќе може да стане полноправна членка.
Деновиве се очекува да биде готова првата драфт верзија на најважниот документ којшто претставува патоказ низ преговорите за членство во ЕУ, таканаречената преговарачка рамка.
Со преговарачката рамка, Европската Комисија го дефинира текот, опсегот и структурата, клучните услови кои мора да се прифатат и процедурите преку кои ќе се одвиваат преговорите до нивното завршување. Македонија нема можност за директно интервенирање во текстот на преговарачката рамка, но според искуствата на Црна Гора и Србија пред нас, може земјата да биде консултирана на одреден начин.
Во очекување на првата драфт верзија, засега не се знае што точно ќе содржи оваа преговарачка рамка, односно кои ќе бидат условите што ќе се бараат од нас за прием во европското семејство, но веројатно е да се најдат дел од спорните ставови на Бугарија. Секоја земја членка впрочем може да достави свои услови за преговарачката рамка, што се разбира не значи оти ќе бидат и прифатени затоа што треба да ги изгласаат сите земји членки.
Во овој дел, ќе треба да се допрецизираат и не докрај разјаснетите елементи околу имплементацијата на Преспанскиот договор кој треба да тече паралелно со процесот на преговорите.
Усогласувањето меѓу земјите членки околу условите во преговарачката рамка, според досегашното искуство на Србија и Црна Гора, се очекува да трае неколку месеци. Тоа значи дека финалната преговарачка рамка ќе се усвои во втората половина од оваа година, за време на германското претседавање со ЕУ.
А околностите во кои ќе се утврдува текстот за македонската преговарачка рамка се комплексни, бидејќи на Германија и претстои огромна работа на повеќе полиња истовремено, од менаџирање на единството на ЕУ во услови на корона кризата и справување со длабока рецесија како последица на пандемијата, па до конечно завршување на преговорите со земјите – членки за новиот седум годишен буџет до 2027 година.
Оваа преговарачка рамка за нас се прави и врз основа на новата методологија за преговарање, па така се очекува сериозна дискусија во телата на ЕУ.
Откако ќе се усвои преговарачката рамка, следен чекор треба да биде првата меѓувладина конференција која се смета за формален почеток на преговорите. Очекувањата се таа да се одржи исто така за време на германското претседавање со Советот на ЕУ до крајот на оваа година.
Од тој момент натаму, ќе продолжи аналитичкиот преглед на европското законодавство, односно втората фаза од скринингот или билатералните скрининзи, според новата ревидирана методологија за зајакнати пристапни преговори. Билатералните скрининзи сега ќе се одвиваат низ 6 кластери во кои се групирани сегашните 35 поглавја. Се почнува со кластерот Фундаменти каде што се отвораат некои од најкомплексните поглавја како што се 23 и 24, следен од останатите пет кластери и тоа, Внатрешен пазар, Конкурентност и инклузивен раст, Зелена агенда и поврзаност, Земјоделство и ресурси и Надворешни односи.
Преговорите траат се до моментот на постигнување на целосна согласност помеѓу двете страни за целокупниот текст на Пристапниот договор и завршуваат со негово потпишување.
Патоказ кон Брисел
Со одложувањето на објавувањето на предлог – преговарачката рамка на Европската унија практички не може точно да се предвиди кога може да се очекуваат првичните ставови на членките на Европската Унија во однос на оваа рамка, иако вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи најави дека тоа може да се случи за време на хрватското и да продолжи со германското претседателство.
Раководителот на Центарот за евроинтеграции, Зоран Нечев смета дека сепак станува збор за начелен драфт на предлог- преговарачката рамка, но, допрва почнува процедурата на усогласување помеѓу земјите – членки на Европската унија во однос на неа, која според негова проценка би траела три месеци, а можеби и повеќе.
„Јас би рекол малку избрзано бидејќи комисијата може да го даде првичниот начелен драфт на нацртот на преговарачката рамка која понатаму преку телата на Советот на ЕУ оди на преговарање, усогласување меѓу земјите членки. Така што оттука би рекол дека она што можеме да го знаеме и претпоставиме врз база на онаа преговарачка рамка која веќе ја имаат Србија и Црна Гора е дека основните принципи по кој што ќе се преговара ќе останат неизменети, но целата процедура, условите по кои ќе се преговара ќе бидат променети со цел да ја отсликаат новата состојба во пристапните преговори.“ вели тој.
Во преговарачката рамка треба да се утврдат условите под кои државата ќе преговара со Унијата.
Според Нечев, се што постои во новата ревидирана методологија за зајакнати пристапни преговори, ќе се отслика во преговарачката рамка.
Откако ќе се утврди преговарачката рамка, се свикува првата меѓувладина конференција и понатаму почнува процесот на билатерални скрининзи. Тука ќе се утврдуваат недостатоците односно нивото на усогласеност на националното законодавство со она на ЕУ. За секое од тие поглавја ќе се утврди кои се тие недостатоци и што треба земјата да прави во натамошниот период.
Така што повеќе преговарачката рамка се однесува на условите под кои се преговара, а за специфичните реформи според одредените поглавја или кластери, ќе се утврдуваат според билатералните скрининзи.
„Сите оние работи кои произлегуваат од билатералните договори со Бугарија и со Грција мора да го најдат своето место во преговарачката рамка на еден или друг начин. Новитети во процесот на преговарање ќе има“, смета Нечев „бидејќи со Албанија сме првите кандидати за членство во ЕУ кои ќе преговараат врз база на новата методологија.“
politika-2Тест и за земјите кандидати, тест и за Европската комисија
„Ќе биде еден начин на тестирање не само на нашите земји туку и на Европската комисија, бидејќи за првпат и тие ќе треба да направат преговарачка рамка која ќе биде дадена на земја кандидатка врз база на новата методологија. Се разбира одредени елементи од веќе постоечките преговарачки рамки ќе влезат и во нашата. Што се однесува до билатералните договори или
билатералните прашања она што можеме да повлечеме паралела е со преговарачката рамка на Србија каде што во делот за односите со Косово влегоа во поглавјето 35. Значи некакви очекувања дека истото ќе се случи со нашата преговарачка рамка постојат. Но за деталите мора да почекаме и да видиме како ќе се ефектуираат во неа.“ објаснува Нечев.

Одлуките кои се однесуваат на Македонија зависат од Европската унија и земјите – членки, но и од нас самите. Според Нечев, преговарачкиот тим и во оваа фаза треба силно да се подготвува за почеток на преговорите но и истиот да претрпи измени.

„Во овој момент веќе ние треба да знаеме кои се нашите позиции и како ќе ги браниме нашите позиции виза ви оние позиции кои ќе ги имаат Бугарија и Грција, што сакаат да ги вметнат во самата преговарачка рамка. Ние директно не можеме да интервенираме но преку нашите пријатели во ЕУ кои се земји членки можеме да лобираме за одредени решенија. Веќе сега прво треба да имаме чисти позиции и да лобираме кај другите земји членки. Преговарачкиот тим кој што постои во моментов мора да претрпи измени со цел да ја отслика ситуацијата односно поставеноста на
самата преговори согласно кластерите во новата ревидирана методологија.“ вели тој.
Нечев смета дека се додека не се усогласат земјите – членки ние ќе немаме финална методологија по која ќе преговараме, а според искуството со преговарачките рамките на Србија и Црна Гора тоа може да трае три и повеќе месеци.
Процесот е долг, нечека многу работа
Вицепремиерот Бујар Османи, при најавата за преговарачката рамка повика на национален консензус за ова прашање:
„Како главен преговарач со ЕУ, сметам дека постојат прашања за кои ние како општество мора да иницираме дебата и да се договориме за да ја дочекаме подготвени првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите. Тука не сметам на административно – техничката и експертската подготовка. Денеска сакам да порачам дека ни е потребна политичка подготовка. Изградба на општествено политички консензус за приоритет на европските интеграции како наднационален, надпартиски, стратешки интерес на државата и сите граѓани“, порача тој.
Со сличен став е и Малинка Ристова Јорданова, од Институтот за европски политики, ЕПИ:
„Сега е клучно да разбереме дека нештата ќе зависат од нас. Процесот е долг, ќе треба многу работа. Да засукаме ракави и да почнеме да исполнуваме. Јас верувам дека имаме капацитет и дека можеме да ги износиме преговорите. Ова е наш врвен национален интерес и на процесот треба така и да му се пристапи“
Темпото на преговорите со Европската унија треба да го одреди претставувањето на реалната ситуација во државата во однос на реформите преземени од секое од поглавјата, кои ќе се преговараат.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×