На земјите од иницијативата „Три мориња“ им требаат 500 милијарди евра за инфраструктура
Објавено на од во Економија
На земјите од иницијативата „Три мориња“ им требаат инвестиции од околу 500 милијарди евра само во инфраструктурата до 2023 година за да ја достигнат западна Европа, изјави во Љубљана потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Вазил Худак.
inicijativa tri morinja„Со цел земјите од Иницијативата „Три мориња“ да го достигнат нивото на кое сега е Западна Европа, во тој регион до 2023 година само во инфраструктурата треба да се инвестираат околу 500 милијарди“, предупреди Худак на еден од панелите на бизнис форумот во Љубљана, што се одржа паралелно со Самитот на Иницијативата.
Со цел земјите од источна и централна Европа што побрзо да го надоместат заостанувањето од западна Европа во областа на енергетиката, инфраструктурата и дигиталната економија, на самитот беше донесена одлука за формирање заеднички инвестициски фонд.
Претседателите на земјите кои учествуваат во Иницијативата ја поддржаа конечната одлука во завршна изјава.
Фондот беше инициран на минатогодишниот самит во Букурешт, со цел полесно да се финансираат приоритетните проекти во иднина. Прво им се приклучија полските и романските банки, а сега прашањето се конкретизира со заклучоците во Љубљана, односно со пристапот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), додека се уште се преговара со други европски банки, како и со Светската банка.
Во Иницијативата членуваат 12 европски земји во триаголникот на морињата од Балтикот, од Црно Море и од Црно Море до Јадранското море
Членки на оваа Иницијатива се трите Балтички земји, Литванија, Естонија и Латвија, потоа Полска, Унгарија, Чешка и Словачка, како и Австрија, Словенија и Хрватска, Романија и Бугарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×