Набавката на оружје во светот со најголем обем по Студената војна
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

САД и Русија го испорачале над половина од оружјето во светот во последните пет години, во кои трговијата со оружје достигнала најголем обем по Студената војна, објави Меѓународниот институт за мировни студии од Стокхолм.

САД се водечки светски извозник во овој период со удел од 33% и продажба во најмалку 100 држави. Најпрофитабилни за САД во контекстот се воените авиони и системите за противракетна одбрана.

Русија е втора со удел од 23% и продажба во 50 држави, при што главно извезувала во Индија, Виетнам, Кина и Алжир.

Трета е Кина со 6,2% од светскиот извоз на оружје, а по неа се Франција, Германија и Велика Британија.

Видливо е зголемен увозот на оружје во Азија на чело со Индија и Блискиот Исток, каде главен увозник е Саудиска Арабија.

Во Индија е увезено 13% од оружјето во светот меѓу 2012 и 2016 година, а во Саудиска Арабија 8%, што е скоро тројно зголемување во однос на периодот 2007-2011.

Индија 68% од оружјето го увезувала од Русија, што е пет пати повеќе од она што го купила од САД.

На Саудиска Арабија главни добавувачи се САД, Велика Британија и Шпанија.

Кина, Обединетите Арапски Емирати и Алжир, се другите најголеми увозници.

Во Европа влегле 11% од светскиот увоз на оружје, што е за над една третина помалку во однос на периодот 2007-2011.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×