Над 1.000 прислушувани разговори ќе можат да се користат како доказ за изборен фалсификат против врвот на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Груевски на судАпелациониот суд одлучи прислушуваните разговори да се користат како докази и во предметот „Титаник“ каде се обвинети првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ за изборни измами. Станува збор за над 1000 разговори кои докажуваат учество на обвинетите во местење на избори и фалсификување на изборниот резултат.

Со оваа одлука „бомбите“ ќе бидат искористени во судската постапка во предметот на Специјалното јавно обвинителство каде се обвинети 20 лице, вклучувајќи го лидерот, Никола Груевски. Меѓу обвинетите се и Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски и Гордана Јанкуловска. Се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и повреда на избирачкото право.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×