Над 40.000 Хрвати станаа против примитивизмот, против кочењето на реформите во образованието
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Над 40.000 граѓани на Хрватска, но и не мал број Хрвати кои живеат во други држави, вчера протестираа во знак на поддршка на целосноста на курикуларната реформа.

На плоштадите се протестираше против примитивизмот и мешањето на политиката во образованието.

Во Загреб, на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, според проценките на полицијата протестирале 25.000 луѓе.

„Од оваа Влада нема надеж“, „Без образование детето ќе ми стане член на ХДЗ“, беа некои од текстовите на истакнатите транспаренти со кои собраните покажаа што мислат за оваа Влада на Хрватска.

Меѓу говорите изнесени на протестот што најмногу беа цитирани од медиумите се истакнува оној на мајката Ивана Кекин.

„Чест ми е да ви се обратам од ова место, како родител на дете кое ја користи моменталната образовна програма, но и јас, лично, како долгогодишен конзумент на истата. Нема да кажам ништо особено ново, но вреди да повториме – ние родителите кои сме денеска овде сме луѓе кои не сме ја загубиле надежта дека оваа земја има шанса. Хрватска може подобро. Ние играме на иднината. На утрешнината. На децата кои ќе знаат подобро отколку што нам ни беа скроени училиштата, можностите и фрустрациите. Кои нема да полнат автобуси за Штутгарт, туку ќе знаат како да им биде подобро овде“, порача Кекин од бината на протестот.

Ројтерс во својот извештај за протестот напиша дека под слоганот „Хрватска може подобро“ Хрватите протестираа зашто претходната влада на левиот центар сакала да го модернизира образованието и да им ги даде на учениците вештините што пазарот ги бара, зашто сега од образовните институции излегуваат кадри неподготвени за пазарот на труд.

„Се чини дека конзервативните членови на новата Влада сакаат своето мислење за контроверзните социјални прашања да го вметнат во образовните материјали. Овој протест е удар на Владата која веќе се тетерави, а која би можела да се урне поради конфликт на интереси на првиот нејзин потпретседател, Томислав Карамарко“, пишува Ројтерс.

Курикуларната реформа е една од првите и најважните мерки со кои во Хрватска почнува реализацијата на Стратегијата за образованието, за науката и за технологијата, на која работат голем број експерти и работни групи. Целта на реформата е да се воспостави усогласен и ефикасен систем на образование преку целосни и структурни промени.

Во состав на реформата, со национални курикулуми на наставните предмети се одредува целта на учењето, структурата на конкретните предмети во целата воспитно-образовна вертикала.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×