Над 84% од македонскиот извоз во првите пет месеци e во Европската унија  
Објавено на од во Економија

Извоз 1Извозот на Македонија во првите пет месеци годинава достигна 2,26 милијарди евра, што е раст од 14,1% во споредба со истиот период лани.
Увозот направен во истиот период изнесува 3 милијарди евра и е за 9,5% поголем од увозот во истиот период лани. Покриеноста на увозот со извоз во првите пет месеци годинава изнесува 74,8%

Зголемување на извозот има кај сите сектори, освен кај извозот на храна, кој е намален за 2,3%. Голем раст на извозот има кај извозот на машини и уреди од 27%, кај извозот на пијалаци и тутун од 12,2%, извозот на хемиски производи од 11,1%…
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Извозот во ЕУ во првите месеци изнесувал 1,9 милијарди евра, односно 84% од вкупниот извоз, и е поголем за 18% во споредба со истиот период лани. Во земјите од Западен Балкан во првите пет месеци годинава е направен извоз од 233 милиони евра, кој е поголем за 7,6% во споредба со истиот период лани.
Најголем извозен пазар за Македонија во првите пет месеци годинава била Германија, каде се извезени стоки во вредност од 1 милијарда евра,што е раст од 14,3% во споредба со истиот период лани. Втор најголем извозен пазар била Бугарија каде во периодот јануари-мај се извезени 126 милиони евра, што е раст од 10,6% во споредба со истиот период лани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×