Над 90% од млечните производи кои ги трошат Бугарите се од домашни производители
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Bugarija mlecni proizvodiНад 90% од потрошувачката на млечни производи во Бугарија се задоволува од домашно производство, покажуваат државните статистички податоци за изминатите пет години.

Кај потрошувачката на јајца, дури 93% е задоволена со домашно производство, додека кај телешкото месо 63% од потрошувачка се покрива со домашно производство.
Овој податок го соопшти заменик министерот за земјоделие на Бугарија, Цветан Димитров при претставување на иницијативата “Купувам бугарско”.

Тенденцијата на зголемување на уделот на домашната храна е веќе трајна кое што води до раст на производството , но истовремено има и раст на извозот на храна од Бугарија.

Од 2009 година наваму Бугарија има позитивно салдо во трговијата со храна и земјоделски производи, кое од година во година се зголемува. Минатата година извозот на храна и земјоделски производи бил за 1,2 милијарди евра поголем од увозот. Дури 75% од извозот на прехранбени производи од Бугарија минатата година бил насочен кон земјите од Европската унија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×