Над половина од граѓаните на Србија се за членство во ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Доколку утре се одржи референдум во Србија со прашањето „Дали поддржувате зачленување во Европската унија?“, 52% од граѓаните би гласале „за“, соопшти денеска српското Министерство за европски интеграции.

Со истражувањето „Европската ориентација на граѓаните на Србија“, спроведено на крајот на декември, утврдено е дека само 24% од граѓаните на Србија се против членството во ЕУ, додека 12% не би излегле на гласање или не знаат што би одговориле.

Реформите, неопходни за влез на Србија во ЕУ, треба да се спроведуваат, дури и ако целта не е самото членство, туку добросостојбата на граѓаните, сметаат 65% од испитаниците.

Министерството наведува дека според официјалните податоци, од 2000 до крајот на 2016 година, ЕУ и нејзините држави-членки се најголеми донатори на Србија, со 4,31 милијарди евра реализирани бесповратни средства.

Мнозинство од испитаниците, 56%, сметаат дека проблемите меѓу Белград и Приштина треба да се решаваат, без разлика дали тоа го бара ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×