Над Силиконската долина нема меур, бизнисот цвета, но, проблеми има и во „рајот“
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најновиот економски извештај – Индекс на Силиконската долина, покажува дека големиот број високотехнолошки компании сконцентрирани во близина на Сан Франциско слободно може да ги кренат главите, и да погледнат во калифорниското небо, зашто таму нема да видат меур. Во Долината стапката на раст на вработеноста од 4,1% е највисока од 2000 година досега. Просечните годишни приходи таму и во Сан Франциско се 116.033, односно, 104.880 долари, во споредба со американскиот просек од 61.489 долари.

На ивестициски план Силиконската долина и Сан Франциско кој се разгледува во контекстот, привлекле 20,2 милијарди долари „венчр“ капитал во 2014 година, се вели во Индексот кој ги пресметува економските индикатори за домот на некои од најпознатите технолошки компании.

„Не гледам никаков меур. Ова не е 2000 година“, вели претседателот на Joint Venture Silicon Valley, Расел Хенкок, повикувајќи се на постепениот раст на инвестициите, ширењето на регионалната економија со добар раст на нови работни места, и дизерзифицираното портфолио како начин да се одржи цврстината на пазарот.

Повеќе од половината инвестиции од „венчр“ капитал завршиле во софтверските компании, каде што растот во последните пет години е постојан.

Сепак, дел од населението во регионот ја плаќа цената на „рајот“ поради растечкиот јаз меѓу платите. Близу 30% од тамошната популација не заработува доволно за да може да си ги задоволи основните потреби без јавна помош. Просечната годишна заработка на висококвалификуваните кадри во регионот е 118.651 долари, додека за нискоквалифиуваните 28.847.

Инаку, не сите се сложуваат со успокојувачките пораки како цитираната од Хенкок дека во Долината нема никаков меур. Скептиците ги споменуваат интернет компаниите како Twitter, и приватните проценки, како онаа на Facebook, дека WhatsApp вреди 19 милијарди долари (за колку што ја купи Facebook).

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×