Нафтата го губи значењето: Гигантот Ројал Дач Шел го намалува производството на нафта и се врти кон бизнисот со електрична енергија
Објавено на од во Економија
Една од најголемите светски нафтени компаниja Ројал Дач Шел за 10 години отсега третина од своите приходи ќе ги добива од електрична енергија. Како што изјави за Фајненшл Тајмс, Мартин Ветселар, директор на Шел за производство на гас и нови енергии, компанијата со 2030 година ќе развие бизнис со електрична енергија, кој ќе вклучува снабдување на потрошувачи, трговија со електрична енергија и доставување на електроенергетска опрема, кој би имал еднаков дел како сегашното работење со нафта и гас.
Shell
Шел денес 65’ од приходите ги остварува од производство и преработка на нафта, 25% од производство на гас, а 10% од петрохемиско производство. По 2030 година, проценките на Шел се по третина од приходите да се остваруваат од нафта и гас и од електрична енергија, а петрохемијата да го задржи постојниот удел.
Ветселар вели дека ако компанијата ги достигне целите за намалување на емисијата на стаклени гасови до 2035 година, количината на чиста енергија која ќе ја продаваат ќе ги направи убедливо најголема енергетска компанија во светот.
“Постигнувањето на оваа цел зависи од можноста за достигнување на прифатлив поврат на капитал помеѓу 8% и 12%”, вели Ветселар.
Според него, Шел е во значителна предност во однос на потенцијалните конкуренти кои располагаат со термоелектрани и нуклеарки, но и со централизирана филозофија во бизнисот.
Шел смета дека идните потрошувачи на струја ќе бидат децентрализирани групи, со сопствени куќни батерии за чување на енергија и со соларни панели на крововите.
“Улогата на Шел во такви системи е оптимизирање на домашните микросистеми”, вели Ветселар.

Плановите за реорганизација на Шел се одговор на проекциите за порастот во користењето на електрична енергија во блиска иднина. Според овие проекции, електричната енергија од сегашните 20% во енергетскиот микс ќе завзема дури 50%.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×