Награда за социјално претприемништво на млади претприемачи во земјава
Објавено на од во Економија

Награда за социјално претприемништво во земјава денеска добија најдобрите млади претприемачи преку едногодишната програма „Social impact award“ организирана од Бизнис Импакт Лаб, со поддршка од Шпаркасе Банка Македонија, Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Пакомак.

Businessman and business sketchНационалниот координатор на „Social impact award“ Симона Станковиќ, на денешното доделување на награди во Скопје, појасни дека на натпреварот може да учествуваат сите млади кои имаат желба и идеја да извршат значително влијание врз општествените предизвици во земјава.

Годинава, појасни Станковиќ, избрани се десет најдобри натпреварувачи, а од нив трите најдобри ќе добијат парична награда од Шпаркасе банка како мотивација за остварување на своите бизнис идеи.

“Ова е едногодишна програма каде што ги подготвуваме и поддржуваме младите од 14 до 29 години, кои имаат идеја да го променат светот да аплицираат на оваа програма. Годинава имавме 36 апликации, од нив избравме 10 најдобри. Најдобрите утринава презентираа пред жири комисијата составена од експерти и од партнери, кои се компетенти да ги оценат финалиститие. Најдобрите тројца ќе добијат парична награда од страна на Шпаркасе Банка Македонија”, рече Станковиќ.

Николина Стојанова од ФИТР вели дека ова е трета година по ред како Фондот го подржува овој настан.

Како што појаснува, проектот има комерцијален аспект, но идејата е да се направи влијание во општеството, да се крене свеста за одредени горчливи проблеми, но и да се најдат и иновативни решенија на сите проблеми што ги засегаат граѓаните.

“Фондот како институција работи на воведување иновации не само во приватниот сектор што му е примарна дејност бидејќи поддржува микро, мали и средни претпријатија, меѓутоа работи и во воведување иновации во јавниот сектор. Една таква успешна иницијатива е проектот што го работевме заедно со Министерството за труд и социјална политика што се вика „Оброк за сите“. Наша заложба е да го подобриме општеството и животот на граѓаните целосно, и затоа сметаме дека ваквите иницијативи се од огромна важност за државата”, појасни Стојанова.

Како што изјави Владимир Кичовски од Шпаркасе банка, тројцата победници ќе добијат по две илјади евра неповратен гранд од банката, зашто, како што рече, целта е да се мотивираат младите од своите идеи да направат реални бизнис идеи, но воедно и на ранливите групи да им се даде можност да дојдат до финансиски средства.

“Шпаркасе банката е партнер на овој проект веќе пет години, што веќе претставува еден вид традиција. Замислата е оние млади претприемачи кои не можат да земат кредит по реални банкарски услови, да најдеме начин како да ги мотивираме, односно нивните идеи како да ги направиме реални бизнис идеи. Обично објавуваме јавен оглас на кој се пријавуваат од 20 до 30 претприемачи, од нив десет влегуваат во потесен круг кој се менторира, и потоа тие ги презентираат своите бизнис планови,” вели Владимир.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×