Наградените земјоделци од Прокредит банка на најголемиот саем во Берлин
Објавено на од во Uncategorized

 

Четиринаесетте наградени агро бизниси од ПроКредит банка присуствуваа на најголемиот саем за земјоделие и храна во Европа, Fruit Logistika во Берлин. Во рамки на посетата имаа можност да се запознаат со најновите технологии и иновации во земјоделието и да оставарат бизнис контакти за соработка имајќи пристап до шест илјади бизниси од целиот свет кои работат во тој сегмент. За  наградените агро бизниси ПроКредит организираше и деловна средба со петнаесет откупувачи на земјоделски и прехранбени производи од Германија заинтересирани за откуп од земјите во регионот.

Македонските агро бизнисмени беа едногласни дека инвестирањето во технологија ,иновации и нови хибридни сорти се вратата за успех на европските пазари. Германија ја гледаат како пазар со голем потенцијал за македонските производи од кој особен интерес постои за јаболка, грозје, лубеница, краставица, пиперка, домат.

„Од саемот добив корисни сознанија што му треба на европскиот пазар. Ова е предизвик да се пробиваме за подобар пласман и да се вратиме со визија за инвестициите кои се потребни за да конкурираме таму“, изјави Бубе Трајковски, избран од ПроКредит банка за најпроактивен агро бизнис во категорија на житни култури.

Европските пракси покажуваат дека формите за заштита на земјоделскиот род од природни непогоди со какви штотуку се среќаваме се одамна надминати со инвестиции во системи за управување со наводнувањето, заштитни механизми и системи за анализа на почвата. Европското земјоделство бара константно добар производ и загарантирана количина на договорените пласмани.

„ПроКредит заедно со најпроактивните агро бизниси кои ги наградивме беше присутна на саемот во Берлин. Ние сме специјализирана банка и ваквите настани се клучни за да ги следиме, стимулираме и финансиски да ги поддржиме бизнисите во инвестиции од европски калибар за унапредување на работата“, изјави Стевче Кузмановски, директор на сектор за мали и средни претпријатија

Од банката најавуваат видно олеснување на пристапот до финансирање со поголеми износи. ПроКредит ќе кредитира преку Земјоделскиот Гарантен фонд и активно поддржува здружување на земјоделците преку кредитирање на земјоделски кооперативи.

ПроКредит Банка верува дека ваквите форми за вмрежување на македонските агро бизниси даваат дополнителен придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×