Најбогатиoт бизнисмен во Србија со совет до младите: Преземете ја судбината во своите раце!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најбогатиот бизнисмени во Србија, Миодраг Костиќ, претседател на МК Групата вели дека кај младите денеска недостасува претприемачки дух. Затоа, тој ги советуваше – да ја преземат судбината во своите раце.

Miodrag-Kostic„Во Србија се чувствува недостаток на претприемачки дух. Анкетите покажуваат дека младите по завршување на школувањето сите сакаат да најдат работа во јавниот сектор. Причините за тоа се бројни, а мојот искрен совет до вас, нашите идни лидери, е да ја преземете судбината во своите раце и да барате работа во добрите приватни компании“, рече Костиќ.

Еден од највредните совети за младите кои влегуваат сега во бизнис светот, според него, е секогаш да бидат свесни дека неуспесите се составен дел од бизнис животот, но дека најважно е бројот на успеси да биде поголем.

Според Костиќ, секој успешен бизнисмен знае дека образованите, млади кадри претставуваат најважен ресурс на една компанија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×